Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“за 2024

Меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2024 година.

Наградата „Антево перо“ е во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Наградата се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: [email protected] заклучно со 05 август 2024 година. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти кон крајот на август 2024 година.

Покрај наградата „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и „Антев часовник“. Комисијата го задржува правото да не ги додели придружните награди.

На конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат.Со оглед на тоа што покрај наградата „Антево перо“, на Конкурсот се доделува и наградата „Антев часовник“, Комисијата препорачува творците кои се помлади од 25 години, да наведат дека спаѓаат во оваа категорија на автори. Напоменуваме дека возраста воопшто нема да влијае на Комисијата при распределба на наградите. Доколку Комисијата оцени дека некој од младите автори има збирка која заслужува да ја добие наградата „Антево перо“, возраста воопшто нема да биде елиминаторен услов.

Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од истакнат македонски литературен творец во рамките на Mеѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“.

Санофи и ОпенАИ ќе соработуваат за развој на лекови користејќи вештачка интелигенција

 Францускиот фармацевтски гигант Санофи (Sanofi) е подготвен да соработува со развивачот на технологија ОпенАИ (OpenAI) за да изгради софтвер за вештачка интелигенција за забрзан развој на лекови, јави ДПА.

Компаниите ќе соработуваат и со американската фармацевтска групација Формација Био за да ги проучат потенцијалните позитивни ефекти на вештачката интелигенција врз пациентите кои чекаат нови третмани.

Според договорот, компаниите ќе комбинираат податоци, софтвер и модели за да развијат приспособени, прилагодени иновативни решенија за развој на лекови.

Неодамна беше објавено и дека технолошкиот гигант „Епл“ („Apple“) е во завршна фаза на постигнување договор со ОпенАИ за вклучување на неговите функции во претстојниот мобилен оперативен систем - iOS 18. /МИА

ЗНМ со осуда на цензурата од директорката во Токсикологија, Бесија Иљази

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје.

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.05.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката, соопштуваат од ЗНМ.

Тухел ќе паузира или ќе предводи клуб од Премиер лигата

Томас Тухел ќе паузира од кариерата или ќе предводи премиерлигашки клуб, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Педесетгодишниот стручњак ја напушти функцијата главен тренер на Баерн.

Во исто време, клубот од Минхен на Тухел ќе му плати повеќе од 10 милиони евра.

Договорот на германскиот фудбалскиот стручњак е со важност до 30 јуни 2025 година, но ќе биде раскинат доколку тренерот се договори со друг клуб и Баерн нема да бара отштета за трансферот.

Меѓу најсериозните опции во Англија се Челзи и Манчестер јунајтед. /МИА

притисни ентер