РК Вардар од следната сезона ќе носи опрема на Кемпа

Двократниот европски шампион Вардар и германската компанија за спортска опрема „Кемпа“ потпишаа договор за соработка. Вардарци почнувајќи од следната сезона ќе бидат облечени во опремата на „Кемпа“.

За договорот кој има тригодишна важност, извршниот директор на Вардар, Борко Ристовски рече дека ќе донесе бенефит не само за клубот, туку и за македонскиот спорт воопшто.

- Успеавме да споиме два бренда во една соработка која ќе биде повеќенаменска, повеќеслојна, базирана на партнерски однос и очекувам да биде долгорочна. Првично, оваа соработка има додатна вредност за нас, што значи преговарање и со други германски компании кои имаат интерес да вложат во Вардар, изјави Борко Ристовски на денешната прес-конференција.

Претставникот на „Кемпа“, Тим Гротхаус исто така изрази задоволство од постигнатиот договор за соработка со „црвено-црните“.

- Кемпа е препознатлив спортски бренд со искуство во ракомет. Вардар е исто така светски бренд во овој спорт. Среќни сме што ќе бидеме дел од Вардар. Се обврзавме на тригодишна соработка која ќе ги опфати сите нивоа на Вардар, од помладите категории па се до првиот тим, рече Гротхасус.

РК Вардар по крајот на сезоната ќе ја заврши соработката до компанијата „Хумел“ која го снабдуваше со спортска опрема изминатите неколку сезони.

Израел ја гранатира Рафа додека Бајден предупредува на прекин на испораката на оружје

Израелската армија денеска го гранатираше Рафа, во време кога американскиот претседател Џозеф Бајден најостро го предупреди Израел дека ќе престане со испораката на оружје доколку почне офанзива против тој град на југот на појасот Газа.

И покрај меѓународното противење Израел веќе испрати тенкови и врши „целни упади“ во пограничниот град, за кој тврди дека е упориште на преостанатите баталјони на Хамас.

Во градот и неговата околина има илјадници раселени Палестинци кои избегаа од конфликтот во другите делови на Газа.

Како што пренесе Бета, Рафа утринава бил силно гранатиран, а израелската армија подоцна објави дека ги напаѓа и позициите на Хамас северно, во централниот дел на палестинската енклава.

Четири земји од ЕУ наскоро може да ја признаат Палестина

Ирска, Шпанија, Словенија и Малта размислуваат да ја признаат палестинската држава на 21 мај, објави ирската државна телевизија.

РТА Њуз синоќа објави дека се интензивираат разговорите меѓу Даблин, Мадрид, Љубљана и Ла Валета за потенцијалното заедничко признавање на палестинската државност.

Ирската телевизија тврди дека тие земји чекаат гласање на Генералното собрание на Обединетите нации на 10 мај, што може да резултира со отворање на патот на Палестина за членство во организацијата.

Четирите земји во заедничко соопштение на 22 март наведуваат дека се договориле за првиот чекор кон признавањето на Палестина.

Шпанија и Ирска долго време се застапници на палестинските права. Оваа иницијатива доаѓа во време кога меѓународната заедница, поради големиот број убиени цивили во израелската офанзива на Газа, повикува на прекин на огнот и долгорочно решение за мир во регионот.

Од 1988 година, палестинската држава е призната од 139 од вкупно 193 членки на Обединетите нации.

Израел тврди дека планот на четирите европски земји претставува „награда за тероризмот“ што ќе ги намали шансите за мировни преговори во Газа.

Нов паркинг на улица "Козјак" во Кисела Вода

Нов паркинг простор е во завршна фаза во населбата Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид на улицата “Козјак”, каде на 400 квадратни метри се обезбедуваат нови 25 паркинг места. 

Со ова, бројот на новоизградени паркинг места за овие две и пол години се искачува на околу 1400.

-Продолжуваме да работиме со силно темпо грижејќи се нашите жители да имаат што подобри услови во секој сегмент од нивните животи. Решавањето на проблемот со недостиг од паркинг места со кои се соочувавме со години наназад е поставен високо во моите приоритети, а дека е така говори тоа што, иако во мојата програма имав ветено 1000 нови паркинг места, веќе ја достигнавме бројката од 1400 и тоа само за две и пол години. Новиот паркинг на улицата "Козјак" во населбата Кисела Вода нуди можност за уште 25 паркинг места. Просторот се протега на околу 400 квадратни метри, поплочен е со павер елементи и секако ќе придонесе во безбедноста и удобноста на сообраќајот во мирување. Секако, вакви градежни активности во периодот што следи ќе имаме и во сите останати месни и урбани заедници, на што веќе интензивно работиме-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

притисни ентер