Штип одбележува 42 години од смртта на Ацо Шопов

Во Штип денеска се одбележаа 42 години од смртта на македонскиот поет и револуционер, Ацо Шопов. 

Делегации на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци на Македонија(СБМ), на Општина Штип, државни институции и политички партии положија цвеќе пред бистата на Ацо Шопов.

Петар Мицевски претседател на ОО на СБМ-Штип истакна дека Шопов е карактеристичен по тоа што бил изразит лиричар кој со своето творење го одбележува почетокот на субјективната, интимната лирика во современата македонска книжевност.

-Aцо Шопов учестувал во ослободувањето на младинската организација, држи разни предавања по градовите и селата, учествува во уредувањето на повеќе списанија, напердната литература: „Нов ден“, „Иднина“, „Современост“, „Хоризнот.“ Бил претседател на Друштвото на писателите во Македонија од неговото основање во 1947 година, рече Мицевски.

Карактеристично за него е дека и покрај тоа што бил врвен поет, академик, Шопов остава голем печат на современата македонска поезија.

-Ацо Шопов е учесник во НОБ од 1941 до 1945 година, и се наредува до врвот на борците кои ја водеа четири годишната, кои издвојуваа победа над фашизмот и создадоа држава Република Македонија, рече Мицевски.

Ковачевски: Најлесно е да се гласа ПРОТИВ, само со глас ЗА може да одиме напред кон просперитет

Само доколку во среда, на 8-ми мај, гласаме ЗА, може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот митинг во Кочани.

Им порача на граѓаните дека најлесно е да се гласа против власта, но потенцираше дека овие избори се клучни за иднината на државата и нејзините евроинтеграции, и затоа дојдено е време кога треба да се гласа ЗА.

„Гласот ПРОТИВ за некого можеби значи „казна“, но верувајте, во исто време ги казнувате и сопствените деца. Гласањето ПРОТИВ како еден вид краткорочна казна со себе носи опасност да има долгорочни последици за државата. И тоа не смееме да го заборавиме. Затоа, од тука, од Кочани, подаваме рака на сите прогресивни и демократски сили, на 8-ми мај заеднички да дадеме поддршка на идејата за европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој истакна дека СДСМ е современа, прогресивна партија и единствена политичка сила која вистински може да ја однесе Македонија во Европската Унија и да изгради држава со европски стандарди и вредности.

„Мора да има конечна и одлучна борба против злоупотребите, неправдите и системската корупција од која не можеме да кренеме глава повеќе од 30 години. Од тоа нема да отстапиме. Ќе воведеме ред, еднаквост и правда за секој подеднакво, без разлика дали е премиер, министер, пратеник, директор или обичен граѓанин. Или ќе го направиме тоа или нема да нè биде.“

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните на 8-ми мај да гласаат ЗА претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и ЗА кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина,се наведува во партиското соопштение.

Пијан возач „за влакно“ ќе предизвикаше катастрофа, доби една година затвор (ВИДЕО)

Ричард Кели, стар 47 години, го возел својот Форд Пума со голема брзина во Дарлингтон, Велика Британија на 7 март.

На крајот со полна брзина удрил во ѕидот на зградата на театарот, а овој неверојатен момент го снимиле надзорните камери, пренесува The Independent.

На снимката се гледа како неговиот автомобил за влакно ги избегнува другите возила и пешаци додека се оддалечува.

Кели, кој не носел сигурносен појас и мирисал силно на алкохол, бил извлечен од автомобилот и со скршени ребра однесен во болница. Никој друг не бил повреден.

Тој е обвинет за опасно возење и осуден на 12 месеци затвор.

Во стан на Американка се пронајдени замрзнати тела на нејзините бебиња- нема да ѝ се суди

Мајката на четири бебиња, пронајдени во замрзнувач во стан во Бостон пред повеќе од една година, нема да се соочи со обвинение.

Последниот извештај покажува дека се уште има „многу неодговорени прашања“ за тоа што се случило со бебињата, пренесува CBS.

Окружниот обвинител на округот Сафолк рече дека не верува дека случајот против Алексис Алдамир може да оди на судење. Братот на Алдамир и неговата сопруга повикале полиција откако ги пронашле „замрзнатите“ бебиња на 17 ноември 2022 година додека го чистеле станот во Источен Бродвеј во кој Алдамир живеела од 1982 година.

Истрагата покажала дека Алдамир е мајка на бебињата, две момчиња и две девојчиња, пронајдени во замрзнувачот. Алдамир сега живее во здравствена установа. Инспекторите тврдат дека за време на сослушувањето таа „изгледала збунето и не разбирала каде е и со кого разговара“.

Лекарот не можел да утврди дали бебињата се родени живи или колку долго биле замрзнати, се вели во извештајот. Причината за смртта е наведена како „неодредена“. Во извештајот се наведува дека немало знаци на траума или очигледни повреди, а ниту траги на храна или млеко во стомакот на бебињата.

На сите четири бебиња сè уште им била прикачена папочната врвца. Бебињата биле пронајдени во кутии за чевли и биле завиткани во фолија. ДНК тестот го идентификувал таткото на четирите деца, но тој починал во 2011 година. Инспекторите рекле дека тој и Алдамир имале уште едно дете заедно, кое го дале на посвојување.

Алдамир работела за сметководствена фирма во Бостон од 1980 до октомври 2021 година, се вели во извештајот. Нејзините колеги ја опишале пред инспекторите како „вредна работничка која ретко одеше на одмор“.

„Тие рекоа и дека била дебела жена која има склоност да носи широка облека без оглед на сезоната. Во ниту еден момент ниту еден од соработниците на Алдамир не знаеле дека е бремена“, се вели во извештајот.

Окружниот обвинител на округот Сафолк, Кевин Хејден, ја нарече истрагата „една од најкомплексните, невообичаените и најзбунувачките што ги сретнал неговата канцеларија“. Во образложението на одлуката да не се обвини Алдамир, во извештајот се вели дека обвинителите не можеле да докажат дека бебињата биле живи и не верувале дека Алдамир била компетентна да ѝ се суди.

„Никогаш нема да знаеме точно каде и кога се родени четирите бебиња пронајдени во станот на Алексис Алдамир. Никогаш нема да знаеме дали четирите бебиња се родени живи и никогаш нема да знаеме точно што се случило со нив. Никогаш нема да знаеме како Алексис Алдамир ја криеше бременоста или зошто се реши на тоа“, заклучил Хејден.

притисни ентер