Си во посета кај Орбан: Ја прошируваме соработката и на нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан на третата и последна станица од неговата прва европска турнеја по пет години.

Во време на десничарскиот Орбан, Унгарија стана важен трговски и инвестициски партнер на Кина, за разлика од некои други земји од ЕУ кои размислуваат да станат помалку зависни од втората по големина економија во светот.

Си доцна синоќа пристигна во Будимпешта по посетата на Франција и Србија. Во Париз, претседателот Емануел Макрон и шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го притиснаа да обезбеди порамномерна трговија со Европа и да го искористи своето влијание со Русија за да стави крај на војната во Украина.

По средбата, Си и Орбан рекоа дека нивните земји го подигнале нивото на соработка на „сеопфатно стратешко партнерство“.

„Сметаме дека ова е нова почетна точка за подигање на билатералните односи и прагматичната соработка на повисоко ниво“, рече Си.

Тоа, меѓу другото, значи дека двете земји ја прошируваат соработката и во нуклеарната индустрија, рече Орбан.

Двете земји ќе постигнат напредок и во изградбата на клучните проекти, вклучително и проектот за железница Будимпешта-Белград, рече кинескиот претседател.

Проектот вреден 2,1 милијарда долари, од кој најголемиот дел е финансиран со заем од Кина, е дел од Иницијативата „Појас и пат“, амбициозен план започнат од Си пред една деценија со надеж за изградба на глобална инфраструктура и енергетски мрежи што ќе ја поврзат Азија со Африка и Европа.

Унгарија и Кина, исто така, ќе започнат со подготовки за брза железница што ќе го поврзе центарот на Будимпешта и нејзиниот аеродром, изјавија министрите.

Кина и Унгарија ја слават 75-годишнината од дипломатските односи.

Орбан почна да ја приближува својата земја до Пекинг откако дојде на власт во 2010 година.

Северина на суд: Ја тужи судијка поради клевета- бара 3.000 евра отштета

Пејачката Северина Вучковиќ денеска беше во Општинскиот граѓански суд во Загреб, на последното рочиште за случајот по тужбата што против неа ја поднесе судијката Луција Ласиќ.

- Денеска го дадов своето сведочење и среќна сум што конечно имав можност да ги изнесам сите околности поврзани со таа медиумска конференција која беше предмет на оваа тужба - изјави пејачката Северина по четвртото рочиште во Општинскиот граѓански суд во Загреб.

– Задоволна сум – накратко додаде таа за „24сата“.

Според хрватските медиуми, судењето е завршено, а судијата ќе ја соопшти пресудата за еден месец. Целата постапка беше затворена за јавноста, а судијката Ласиќ, кој ја тужеше пејачката за клевета, не сакаше да го коментира минатото рочиште.

Северина беше тужена од судијката Луција Ласиќ за нарушување на угледот, а од пејачката бара отштета од нешто помалку од 3.000 евра. Имено, во октомври 2019 година, на прес-конференцијата по повод почетокот на регионалната турнеја Magic Tour, пејачката рече: „Не знам зошто сум изненадена што се случува ова и целото систематско психичко силување од страна на таткото и институциите кога во оваа земја ниту жените, ниту девојчињата немаат судска заштита и поддршка за физичко силување, јас самата поминав низ слично силување во Жупанискиот суд во Сплит, во судската постапка за обидот за киднапирање на дете пред судијката Луција Ласиќ.“

Да потсетиме, Ласиќ беше во судскиот совет во Жупанискиот суд во Сплит, кој потоа одлучуваше по жалбата на Северина против пресудата со која беше одлучено момчето да живее со својот татко Милан Поповиќ (57), додека мајка му да го гледа, а на Северина ѝ е одземено правото да одлучува за здравствена заштита и образование на момчето.

Јанчев: Кавадаречката противпожарна единица го одбележа Денот на пожарникарите

Кавадаречката противпожарна единица го одбележа 20 мај денот на пожарникарите. 

„Нашите пожарникари се меѓу најподготвените во државата да одговорат на сите предизвици.“ изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Во протестите во Иран ја убиле мајка ѝ – сега со музика и ја прославува смртта на имамот(ВИДЕО)

После веста за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, на социјалната мрежа Х, порано Твитер, се појави снимка од Маша Пираи, ќерка на Мина Маџиди, која била убиена од иранскиот режим за време на протест.

Оваа млада девојка на својот профил сподели видео во кое пие и наздравува со својата пријателка под звуците на песната „Хеликоптер, хеликоптер“ на босанскиот пејач Фадил Фазли.

Видеото беше објавено вчера набргу по веста дека медиумите објавија дека хеликоптерот со иранскиот претседател имал проблеми со слетувањето поради густата магла и тешките временски услови.

Да потсетиме, утрово беше потврдено дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси загинал во хеликоптерска несреќа.

Мина Маџиди (62) била убиена од безбедносните сили на Исламската Република на 20 септември за време на протестот во Керманшах. Нејзината ќерка тврди дека била погодена од воздушна муниција и била погодена со 167 куршуми. Мина починала на пат кон болница.

притисни ентер