Синдикатите ќе испорачаат неколку барања од првомајскиот протест

„На 1 мај во среда, во 11 часот, точно тука од пред зградата на работничкиот дом започнува традиционалниот првомајски протест кој ќе заврши пред Владата, каде што работниците ќе ги испорачаат своите барања.“

Зголемување на минималаната плата од најмалку 450 евра, со која следствено ќе растат и другите плати, враќање на трошоците за превоз и хранарина за работниците, потпишување на колективните договори, работничкиот дом да остане на работниците - се само дел од барањата кои синдикатите в среда ќе ги испорачаат до надлежните. Од ССМ велат работниците очекуваат дел од овие барања да се решат уште во првите 100 дена на новата Влада.

„Минималната плата мора да го следи трендот на минималната плата во регионот, особено поради Отворен Балкан поради моженоста во текот на летото нашите граѓани нашите работници да заминат да градат туѓи економиии во некој други држави. Минималата плата од 450 евра мора да се случи во првите 100 дена од новата Влада. Зборуваме за основни потреби на работниците, зборуваме кога државата планира да увезува работна сила, а за тиа да плаќаат и сметување и храна и превоз и се. - изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Под мотото „Ние работниците“ и оваа, втора година по ред на Сојузот на синдикати и Конфедерацијата на синдикални организации сполтени ќе маршираат по улиците.

„Работниците тоа го очекуваа од нас, синидкатите да покажат сериозен пристап и да се здружат особено за први мај, заедно да ги покажат барањата кои ги очекуваат од политичарите. Ова е чекор кој не се случил во минатото меѓутоа оваа година сите заедно кога ќе тргнеме оттука ќе бида навистина сериозна порака особено на 7 дена пред изборите. “

Синдикатите ги повикаа работниците што помасовно в среда да излезат на улиците и да го искажат своето незадоволство, од како што велат ниските плати, и притисокот за нивната егзистенција поради зголемените трошоци за живот.

Гордана Сиљановска- Давкова на трибината на тема "Жени"

Во рамките на Активностите на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

Таа истакна : Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци.

Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат.

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија.

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија, развојот на билатералните економски и трговски односи и се надеваме, за успех на мировните напори, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан, Сијарто рече дека Си Џинпинг, кој предводи голема делегација ќе посети само две земји-членки на ЕУ: Унгарија и Франција, пренесе МТИ.

Една од главните теми на разговорите меѓу претседателите на двете земји ќе биде натамошниот развој на билатералната економска соработка, рече Сијарто, наведувајќи дека Кина во Унгарија донела најмногу странски директни инвестиции во 2020 и 2023 година.

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

притисни ентер