Со хеликоптер транспортиран македонски државјанин кој добил мозочен удар во Унгарија

Професионален возач од Македонија кој доживеал мозочен удар во Унгарија успешно е донесен во Македонија на болничко лекување. 

На 60 годишниот возач му се слошило во Унгарија каде итно бил хоспитализаран во тамашна болница. Неговото семејство пријавило во Центарот со управуање со кризи и било одобрено до министерството за здравство со хеликопетрот од МВР и медицинска екипа од ГОБ „8 Септември заминале во Унгарија Сегедин. Докторката анестезилог Панова и медицинската сестра Јанчева е тимот кој по втор пат заминува со хеликоптерот наменет за медицински цели за транспорт на ризичен пациент. Медицинскиот персонал велат дека разлиакта е просторот во мал простор се одржува животот на пациентот.

„Ние го работиме она што го работиме на интезивна нега, секако ние и со поглед се разбираме што треба да направиме. Просторот е мал, но работата е секогаш добро завшрена“, вели Изјава д-р Јасмина Јандревска Панова ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“

„Секогаш е важен тимот, тимот кој работи долго време заедно знае се што треба да направи“, вели Марина Јанчева медицинска сестра ГОБ „8 СЕПТЕМЕВРИ“.

Директорот на ГОБ „8 Септември“ Костов објаснува дека ова е втор транспорт. Првиот пат се носеше пациент до Австрија, а сега пациентот е донесен од странство и е на интезивно лекување на КАРИЛ.

„Ние досега оргнизираме втор ваков транспрот се оди преку МВР и Министерството за здравство ние даваме целосна медицинска поддршка во опрема и медицински кадар“, изјави Д-р Христијан Костов директор на „ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ“.

Од болницата има формирано пет тимови кои се спремни за вакви состојби ризични пациенти да бидат транспротирани во странство и од странство во Македонија.

„Ние досега имавме одлично завршена работа но секако ќе имаме и едукација во Словенија и Турција секое искуство и едукација е потребно“, објасни Милка Карајанова главна сестра ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“.

Полициските хеликоптери со мали модификации и опремување со специфична опрема, се употребуваат повеќенаменски, односно покрај за гаснење пожари сега се употребуваат и за медицински транспорт.

Адетокунбо и Лилард неизвесни за натпреварот број 5 од плејофот против Индијана

Голема е веројатноста Милвоки бакс да го одиграат петтиот натпревар од серијата со Индијана пејсерс без своите двајца лидери.

Ѕвездите на тимот Јанис Адетокунбо и Демијан Лилард се очекува да го пропуштат натпреварот поради повреда.

Милвоки губи од Индијана во плејоф серијата од првото коло со 3:1 и е пред елиминација.

Петтиот натпревар ќе се игра во 3:30 часот по полноќ по македонско време.

Лилард има истегнување на Ахиловата тетива, повреда добиена во последната четвртина од натпреварот број 3 во петокот.

Адетокунбо не одигра ниту еден натпревар во серијата поради повреда на потколеницата.

НБА инсајдерот Шамс Шаранија објави дека двајцата играчи имаат непријатни повреди на мускулите кои претставуваат ризик од посериозно оштетување во случај на принудно враќање на теренот.

Во Кенија по поплавите се трага по најмалку 91 лице

Службите за вонредни ситуации на Кенија денеска трагаат по најмалку 91 лице исчезнато во поплавите што ја погодија земјата, јавија светските агенции, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи.

Најмалку 46 лица го загубија животот изутрината во одрон и поплава во градот Маи Махиу во централна Кенија, соопшти Министерството.

Преживеаните во Маи Махиу рекоа дека водата однела куќи, автомобили и железнички линии.

Уште 53 лица се водат како исчезнати во Маи Махиу, соопшти Министерството за внатрешни работи, а 76 лица се водат како исчезнати, соопшти Црвениот крст на Кенија.

Најмалку 169 луѓе загинаа во Кенија како последица на обилните дождови и поплавите минатиот месец. Повеќе од 185.000 се раселени, покажуваат владините бројки.

Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе

Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови лица, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето до нацијата, цитирано од српската јавна телевизија РТС.

Вучиќ изрази надеж дека владата ќе биде формирана во следните два дена и рече дека повеќе од 30 отсто од неа ќе бидат „целосно нови луѓе“. Останатите ќе бидат луѓе кои покажале резултати во претходниот период.

На 17 декември 2023 година во Србија се одржаа предвремени парламентарни избори, а локални избори во Белград и во 64 други градови и општини. Коалицијата околу владејачката Српска напредна партија на Вучиќ освои 129 места, додека опозициската коалиција Србија против насилството стана втора сила во парламентот со 65 места.

Српскиот претседател ја потврди и посетата на неговиот кинески колега Си Џинпинг на Белград, која ќе се одржи на 7 и 8 мај.

Вучиќ посочи дека во Србија ќе се реализираат проекти за забрзан технолошки развој во области каде земјата нема доволно знаење, како роботика, сателитски технологии, летечки автомобили.

притисни ентер