Тројца кинески астронаути слетаа на Земјата по шест месеци поминати во орбиталната станица

Кинеското вселенско летало Шенжу-17 денеска се врати на Земјата со тројца астронаути кои ја завршија својата шестмесечна мисија на орбиталната вселенска станица, јавија кинеските медиуми.

Тројцата астронаути слетаа на локацијата Донгфенг во северниот дел на кинеската автономна област Внатрешна Монголија во пустината Гоби, нешто пред 18 часот по локално време.

Слетувањето се случи четири дена откако екипажот на вселенската капсула Шенжу-18 се спои со орбиталната станица за да ги замени космонаутите од Шенжу-17. /МИА

Израелската војска пронашла тела на тројца заложници- меѓу нив и останките на Шани Лук

Израелската армија пронашла тела на тројца заложници во Појасот Газа, соопшти денеска портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари.

Хагари рече дека тоа се Јицак Гелерентер, Амит Бускила и Шани Лук, пишува Тајмс оф Израел.

Хагари вели дека телата биле пронајдени во операција во текот на ноќта на армијата и Шин Бет.

Тројцата биле на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на Реим утрото на 7 октомври, каде потоа побегнале во областа Мефалсим.

Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.

Уапсен е најдобриот голфер на светот, спортската јавност во шок (ВИДЕО)

Најдобриот голфер на светот Скоти Шефлер утрово е уапсен, објавија светските медиуми!

Шефлер е приведен од полицијата пред голф клубот Валхала, а се уште нема повеќе информации за причините.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се видат полицајците како го водат Шефлер до полициско возило, а потоа го одведуваат.

Украинците објавија снимка од жестоки улични борби за важен град на северот (ВИДЕО)

Украинските граничари објавија снимки од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск во североисточниот дел на земјата, во областа Харков.

Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили започнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.

Русите тврдат дека влегле во градот од два правци за да воспостават позиции, додека Украинците тврдат дека ги враќаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во предградијата на Вовчанск.

притисни ентер