Ужас на авто трка: Седуммина загинати, меѓу кои и дете, кога со автомобил се забил во публиката

Седум лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени кога тркачки автомобил излетал од патеката во Шри Ланка и удрил во луѓе кои стоеле во публиката.

Несреќата се случила вчера на трката Fox Hill Supercross во Дијаталава.

Меѓу загинатите има четворица претставници на трката, како и гледачи, меѓу кои и осумгодишно девојче, соопшти армијата.

Објавени се неколку детали за возачот и неговата состојба. Властите соопштија дека е во тек целосна полициска истрага за несреќата на патеката во сопственост на војската. Дијаталава, во централниот дел на јужниот дел на Шри Ланка е поранешен гарнизонски град и армијата таму има академија.

Според очевидци, трагедијата се случила набрзо откако автомобилот се превртел на патеката.

Организаторите се обиделе да ги забават болидите околу местото на несреќата со трепкање на жолти светла, но додека болидите брзо минувале, еден црвен автомобил излетал од патеката и удрил во гледачите на страната на незаштитената патека.

Пет лица починале на лице место, а двајца им подлегнале на повредите во болница. Многумина од повредените се во критична состојба.

Рама в недела ќе одржи собир во Атина

Албанскиот премиер Еди Рама в недела ќе одржи митинг во Атина, односно собир со Албанците кои живеат во грчката метропола во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји.

Албанскиот премиер Еди Рама в недела ќе одржи митинг во Атина, односно собир со Албанците кои живеат во грчката метропола во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји, а министерот за надворешни работи на Грција, коментираше дека посетата е во несоодветен момент, јави дописничката на МИА од Атина.

За посетата на Атина, која како што самиот премиер на Албанија напиша на платформата Икс, не е поврзана со внатрешните работи на Грција или евроизборите, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека завчера, официјално биле информирани за посетата на Рама, но не и за местото каде што ќе се одржи настанот.

Според медиумите во Грција, најверојатно попладнево бил постигнат договор собирот да биде во затворена спортска сала.

Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио „Скај“ утрово коментираше дека се работи за приватна посета, а не за посета што доаѓа на покана на грчката Влада, без каква било формалност, а сето она што се однесува на организирањето е во надлежност на албанската страна.

-Грција е земја која длабоко ја има воспоставено својата демократска свест, длабоко воспоставено функционирање на владеењето на правото. Сите сфаќаме дека никогаш не би можело да се постави пречка на кој било странски лидер да дојде да ѝ се обрати на својата дијаспора, на своите сонародници. Што значи дека ние никогаш не би покренале прашање. Она што е навистина точно е несоодветниот момент на оваа посета, со оглед на фактот што од една страна албанските избори нема да се одржат пред 2025 година, а од друга страна веќе сме во предизборен период во пресрет на европските избори, рече Герапетритис.

Посетата на Рама на Атина е во период кога односите меѓу Грција и Албанија се заладени поради случајот со осудениот градоначалник на Химара Фреди Белери, кој иако е во затвор во Албанија е еден од 42-та кандидати за пратеници во Европскиот Парламент од редовите на грчката владејачка партија Нова демократија.

Кит се насукал на брегот на Орегон и експлодирал- го наполниле со 450 килограми динамит (ВИДЕО)

Поминале повеќе од 50 години, а луѓето сè уште раскажуваат за бизарниот настан снимен на брегот на Орегон.

Безживотно тело на кит, долго 14 метри и тешко осум тони, се насукал на плажата Флоренс. По неколку дена почнал да смрди, па надлежните реагирале.

Првично било планирано телото да биде закопано во песок, но постоела можност морето да го врати на површината, пренесува LadBible.

На крајот била донесена одлука телото да се наполни со 450 килограми динамит и да се разнесе. Расфрланите остатоци од китот, како што се очекувало, би биле изедени од диви животни.

Специјализирани екипи опколиле дел од плажата, каде се собрале љубопитни луѓе. Еден од граѓаните, искусен во рударството, предложил да се користи помалку експлозив, но не го послушале.

Телевизиските камери го снимиле целиот настан, вклучувајќи ја и детонацијата која го фрли лешот 45 метри во воздух!

Парчиња месо почнале да паѓаат врз насобраните луѓе и претставници на медиумите, а сѐ се претворило во катастрофа.

За среќа немало повредени, а оштетен бил и еден автомобил. Интересно, му припаѓал на човекот кој ги предупредил властите да ја намалат количината на динамит.

Сепак, најлоша била миризбата што се ширела покрај плажата, а очевидци велат дека била „двојно полоша“ од пред детонацијата.

Овој инцидент бил сфатен сериозно, а властите научиле како да не се справуваат со мртвите китови.

Турција ја одложи забраната за трговија со Израел

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел.

Турското Министерство за трговија соопшти денеска дека компаниите од таа земја имаат рок од три месеци да достават предвремени нарачки за производи во Израел, што израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го поздрави како победа за земјата, откако Турција минатата недела објави забрана за трговија со Израел поради офанзивата во Газа.

„(Претседателот Реџеп Тајип) Ердоган повлече и откажа многу трговски ограничувања и поуката е јасна: не смееме да се предадеме на заканите на диктаторите и мора да создадеме алтернативи за да не зависиме од човек од Муслиманското братство кој може да спречи сè во секое време“, напиша Кац на платформата Икс.

Претставник на турското министерство изјави дека укинување на забраната „не доаѓа предвид“ и дека станува збор само за тримесечно одложување за време на кое турските компании можат да ги испорачаат постоечките нарачки до Израел, преку трета земја.

На 2 мај Турција објави дека го прекинала извозот и увозот од Израел поради воената операција во Појасот Газа.

притисни ентер