Видео: Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во историјата, мегапопуларниот  Новак Ѓоковиќ, неодамна по петти пат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус наменета за најдобриот светски спортист.

По тој повод Новак доби интересно прашање.

Имено, на изјавата дека „многу се зборува за тоа дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд“, односно по конкретното прашање „Дали си ти следниот Џејмс Бонд?“, славниот Ноле изјави:

- Дали сум јас? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им требаше толку време, но ако ова е официјална понуда - подготвен сум! Го сакам мојот лик на Новак Ѓоковиќ, мислам дека уживам во него, се забавуваме, но веројатно би го оставил Новак за Џејмс Бонд. Мислам дека е време да ја подигнам мојата актерска кариера на повисоко ниво – изјавил Ноле со насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/reel/C6LUlS5NUCp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Американската полиција ги растера демонстрантите од МИТ и од Универзитетот Пенсилванија

Американската полиција утрово ги растера студентите кои протестираат против војната во Појасот Газа на уште два престижни американски универзитети.

Најмалку десет лица се приведени во Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во близина на Бостон. Додека на Универзитетот Пенсилванија во Филаделфија, полицајците со тактичка опрема насилно отстранија неколку десетици студенти кои се држеа за рацете околу статуата на Бенџамин Френклин.

Како што јавија американските медиуми, студентите не пружале отпор при апсењето на ниту еден Универзитет и двете полициски акции поминаа беа релативно мирни, јавија американските медиуми. /МИА

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Генералното собрание на Обединети нации денеска со големо мнозинство гласаше за резолуција за подобрување на статусот на Палестинците во ОН, вклучително и полноправно членство на Палестина во светската организација.

Резолуцијата е усвоена со 143 гласови „за“, девет „против“ помеѓу кои САД и Израел. Додека 25 земји беа воздржани. Тоа не им дава на Палестинците полноправно членство во ОН, туку едноставно ги признава како квалификувани да се приклучат.

Резолуцијата на Генералното собрание „утврдува дека Државата Палестина … треба да биде примена за членство“ и „препорачува Советот за безбедност да го преиспита прашањето позитивно“.

Апликацијата за да стане полноправна членка на ОН прво треба да биде одобрена од 15-члениот Совет за безбедност, а потоа и од Генералното собрание. Ако мерката повторно биде изгласана од Советот, најверојатно САД повторно ќе стават вето.

Со денеска изгласаната резолуцијата Палестинците добиваат некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година – како место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но нема да имаат право на глас./МИА

Руската Дума го изгласа Мишустин за прмеиер

Државната дума на Русија на пленарна средба усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.

За тој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, а ниту еден од пратениците не гласаше против.

Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување./МИА

притисни ентер