Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

 Во организација на Сојузот на борци од Тетово денеска пред Споменикот на револуцијата беше одбележан 9-ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. 

Пред споменикот беше оддадена почит на загинатите во Народноослободителната и антифашистичка војна со едноминутно молчење и положување цвеќе.

Дел од одбележувањето беше читање на пригоден реферат изработен од професорот Славчо Јовановски.

- Ставајќи се на страна на антифашистичките сили, НОБ и антифашистичката војна ја легитимираат Македонија како дел од цивилизираниот свет. Македонија соодветно и партиципираше и со жртви на оваа тоталитарна идеологија. Пред сè поради фактот што целосно се вклопуваше во освојувачката стратегија на Третиот Рајх, како важна стратешка точка на Југоисточна Европа дефинирана уште од Бизмарк. Токму поради таквата своја положба, Македонија потпадна под германско-бугарска и италијанско-албанска окупација, соочувајќи се со идеите за Голема Бугарија и Голема Албанија. Дури и денес, официјалните истории на овие две држави го употребуваат поимот „ослободени краишта“. Во ова одбележување од поразот на фашизмот во Втората светска војна, навраќањето на овој датум е наша потреба. Споменот на него не смее да се потисне во заборав, пред сè поради фактот што НОБ и АСНОМ ја создадоа современата македонска држава. Тој чин ги обврзува сите генерации, споменот на овој датум да го чуваат со највозвишени чувства, се вели во дел од рефератот.

Авторот на рефератот се осврна и на Денот на Европа, посочувајќи дека идејата за интеграција на Европа потекнува од повоениот период, кога народите на Европа се обидуваат да изградат стабилност и мир на континентот.

- Денот на Европа е повеќе од само прослава на историските настојувања за мир и интеграција. Тоа е прилика за народите на Европа да го одбележат своето заедничко наследство, културна разновидност и вредности како демократија, правда и човековите права. Овој ден ги поттикнува граѓаните на Европа да се обединат во заеднички обиди за решавање на заедничките предизвици како што се климатските промени, социјалната нерамнопоставеност и мигрантската криза.

На настанот присуствуваа и положија цвеќе пред споменикот делегации на Сојузот на борци, АРМ, претставници на дел од политичките партии, здруженија на граѓани и организации и ученици.

Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина

Во време полно технолошки иновации, оваа 2024 година, според познавачите, веќе се обликува како една пресвртна точка за некои од највозбудливите технолошки достигнувања. 

Во продолжение следат пет можеби клучни трендови коишто ќе ги дефинираат следните неколку години.

1. Поголем опсег на вештачката интелигенција (ВИ) и подобри можности. ВИ континуирано ги дефинира и унапредува можностите во многу области - од здравствена заштита до финансиски услуги. Тоа денес овозможува, на пр., и попрецизни предвидувања, автоматизирани сложени задачи и персонализирани кориснички искуства. Во 2024 година, се очекува напредок на ВИ во етичките упатства и транспарентноста, одговарајќи на растечките барања за поодговорна технологија ширум светот.

2. Квантни компјутери. Од теорија до пракса, квантната технологија којашто долго време е резервирана за лабораториски истражувања, сѐ повеќе го наоѓа своето место во практичните примени. Со потенцијал да трансформира сè - од безбедносни протоколи до начините на обработување огромни количини податоци, квантното пресметување влегува во нова фаза од својата имплементација. Предводниците во оваа индустрија, како „Гугл“ и „Ај-би-ем“ веќе имаат завидни резултати во квантното пресметување, а најавуваат и можност за негова поширока примена уште оваа година.

3. „Попаметен“ Интернет на нештата („ИоТ“): Поврзаност, технологија, подобар живот... „ИоТ“ станува сѐ побогат со напредна „паметна“ технологија, со подобри интеграции и современи функционалности што го олеснуваат животот на луѓето. Во 2024 година, се очекува паметните уредите да станат уште посамостојни, со понапредни способности и подобра енергетска штедливост и одржливост. Паметните домови и градови ќе користат „ИоТ“ за да се подобри сè: управување, енергија, безбедносни системи итн., што претставува голем чекор напред во секојдневниот однос со технологијата.

4. Развој на 5-Г и новата 6-Г технологија. Додека 5-Г го освојува светот, 6-Г технологијата е веќе во најава. Оваа година, 5-Г ќе овозможи нови нивоа на поврзување и брзина на интернет, што ќе има големо влијание врз развојот на новите технолошки апликации, вклучувајќи проширена виртуелна реалност, но и „ИоТ“. Развојот на 6-Г, пак, ветува уште поголеми брзини и можности, што води до нови граници во телекомуникациите.

5. Одржлива технологија: Иновации за позелена иднина. Соочени со глобалните климатски промени, технолошкиот сектор игра клучна улога во создавањето поодржливи решенија. Во 2024 година, иновациите насочени кон намалување на јаглеродот и поттикнувањето одржливост ќе бидат во центарот на вниманието. Од еколошки извори на енергија до одржливи производствени процеси - технологијата е во првите редови во борбата за позелена планета.

Влада-Немаме испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната, стои во соопштението од Влада.

Владата реагира по информацијата дека многу граѓани добиле СМС порака од број од Франција со лажна порака дека Владата ќе им даде надомест од 6150 денари, само треба да ги испратат личните податоци.

-Ја информираме јавноста дека Владата на Република Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите подолу), станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат.

Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот, стои во соопштението од Владата на Македонија.

Одбележан Денот на Логистичка база - еден од главните столбови на Армијата

Во изминатите години вие припадниците на Логистичката база ја покажавте вашата професионалност и подготвеност со пружање на логистичка пооддршка на единиците на Армијата.

Логистичката база е клучен елемент во справувањето со предизвиците како еден од главните столбови на Армијата на Република Македонија, истакна заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага честитајќи го 20 Мај - денот на Единицата на воената свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје.

На свеченоста на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата на кој присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други гости, Јајага го потенцира придонесот на Логистичката база како важен сегмент во Армијата.

-Логистичката база и нејзиниот персонал активно придонесува во секоја активност на припадниците на Армијата во и вон границите на нашата држава, било тоа да е вежбовна активност или пак континуирано обезбедување на логистичка поддршка на составите кои се упатуваат во мировни мисии и во обезбедување на јужната граница, но и логистичка поддршка на сите вежбовни активности и транзит на силите на НАТО и партнерските наши земји. Придонесот кој го дава оваа база е круцијален во насока на успешно справување со предизвиците, а ние граѓаните тоа многу добро го знаеме. Секогаш кога е потребно припадниците на нашата Армија се први во поддршка на населението и на останатите институции во земјата, било тоа да се кризни состојби или состојби настаните од природни непогоди или креаирани од човекот. За жал би констатирал дека светот денеска живее во време кога овие вториве се се повеќе актуелни, каде голем број човечки животи се загрозени и каде за жал има голем број жртви директно од борбени дејствија, рече Јајага.

Во изминатите години вие припадниците на Логистичката база ја покажавте вашата професионалност и подготвеност со пружање на логистичка пооддршка на единиците на Армијата.

-Од ова место да ви порачам да продолжите со вашиот професионализам затоа што успехот на вашата единица поддразбира успех на нашата цела Армија, а ние ќе продолжиме да придонесуваме во обебзеудваме на сите потребни ресурси за ваше беспрекорно функционирање, порача заменик-министерот за одбрана Јајага честитајќи го денот на Единицата.

Честитки по повод Денот на Единицата упатија и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и командантот на Логистичка база полковник Мухарем Мухареми.

За Денот на единицата, согласно програмата,по пригодните обраќања беа доделени стимулативни мерки за припадници на единицата.

Логистичката база го прославува 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година почнало Разловечкото востание и првите логистички подготовки за неговото отпочнување.

притисни ентер