Здруженија на жртвите бараат истрага за Додик и Вучиќ за негирање на геноцидот во Сребреница

„Движење на мајките од енклавите Сребреница и Жепа“ побараа од правосудните институции во Босна и Херцеговина да поведат истрага против.

Здружението на жртви и сведоци на геноцид и Здружението „Движење на мајките од енклавите Сребреница и Жепа“ побараа од правосудните институции во Босна и Херцеговина да поведат истрага против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, за негирање на геноцидот.

- По вчерашните скандалозни изјави на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, го повикуваме Обвинителството на БиХ, како и Обвинителството во Федерацијата БиХ, да спроведат истрага против нив согласно нивните надлежности. Негирањето на злосторствата, но и канонадата на навреди кон новинарите, особено искажани кон новинарот на Н1 ТВ, мора да доведат до вклучување на надлежните органи во истрагата, инаку вокабуларот на примитивци ќе стане практика. а понижувањето на жртвите и на сите останати ќе стане модел, се наведува во барањата од здруженијата.

Здруженијата бараат Министерството за правда преку Министерството за надворешни работи на БиХ да го извести Меѓународниот суд на правдата во Хаг и Обединетите нации за негирањето на судската пресуда од февруари 2007 година според која Србија за одговорна за неспречување и неказнување на геноцидот во Сребреница“.

Вучиќ, за време на вчерашната посетата на Саем во Мостар, изјави дека „пред Меѓународниот суд на правдата е утврдено дека Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“.

Од здруженијата истакнуваат дека Вучиќ со таквата изјава го прекршил Кривичниот законик на БиХ, кој беше изменет со одлуката на високиот претставник за негирање на пресудите на меѓународните и домашните судови и негирање на злосторствата геноцид и злосторствата против човештвото.

Членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ утре ќе отпатуваат Њујорк, по повод најавата за усвојување на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Резолуцијата за Сребреница подразбира одлука да се одбележува 11 јули секоја година како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година.

Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда. /МИА

Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

Портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко изјави дека околу 30 мажи од Украина загинале од почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, обидувајќи се илегално да ја преминат границата и да избегнат учество во војната.

„Некои ги загубија животите додека се обидуваа да преминат планински реки или стрмни планини. Вкупно, од почетокот на инвазијата, околу 30 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да ја преминат границата“, изјави Демченко.

Тој наведе дека од почетокот на војната досега биле откриени околу 450 криминални групи кои се обидувале да прошверцуваат луѓе преку граница и дека такви обиди се случуваат секој ден.

Студентите кои протестираа поради војната Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас

Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас.

Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија во кампусот на Универзитетот во Тексас при што дојде до десетици апсења, а Универзитетот Колумбија во Њујорк почна да ги суспендира студентите, јавија странските агенции.

Според локалниот адвокат на Универзитетот во Остин, најмалку 40 демонстранти се уапсени синоќа под обвинение за нарушување на јавниот ред.

Доцна синоќа, Универзитетот објави соопштение во кое се вели дека многу од демонстрантите не се поврзани со институцијата и дека камповите се забранети во кампусот. Исто така, се наведува дека некои демонстранти влегле во „физички и вербални конфронтации“ со претставници на Универзитетот, што ги натерало службениците да контактираат со полицијата.

Протестот во Тексас и другите протести низ земјата уследија по протестите на Универзитетот Колумбија во Њујорк, кои се уште траат. Активистите во универзитетскиот кампус синоќа го пропуштија рокот да го напуштат кампот со околу 120 шатори.

Иако управата на Универзитетот не повика полиција да ги растера демонстрантите, портпаролот на Универзитетот Бен Чанг рече дека започнале процес за отпуштање на студентите. Тој рече дека иако Универзитетот го почитува правото на студентите на слободен говор, кампот ја попречува наставата и подготовката за завршните испити. Универзитетот соопшти дека ќе понуди алтернативно место за протести по испитите.

Најмалку шест жртви во напад во џамија во Авганистан

 Вооружен маж уби шест лица и рани едно во напад во џамија во провинцијата Херат, западен Авганистан, соопшти рано утринава Министерството за внатрешни работи на земјата.

Непознато лице синоќа околу 21:00 часот по локално време пукало во верници во квартот Гузара, јужно од главниот град на провинцијата.

Шест цивили загинаа, а еден цивил е ранет“, соопшти портпаролот на МВР на социјалната мрежа Х.

притисни ентер