Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат

Претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел упатија честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод нејзиното официјално стапување на претседателската функција.

Претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел упатија честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод нејзиното официјално стапување на претседателската функција, нагласувајќи ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата.

- Честитки Гордана Сиљановска-Давкова, првата жена претседател на Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Честитки, како што наведе, до новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, преку платформата Икс упати и Мишел.

- Со нетрпение очекувам да соработувам со вас на унапредување на патот на Македонија кон ЕУ, преку спроведување на реформите и обврските. Иднината на Македонија и Западниот Балкан е во ЕУ, наведе Мишел во објавата.

Фон дер Лајен во посебна објава на Икс порача и дека „за Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа.

Новак Ѓоковиќ исвиркан како никогаш досега- публиката не го криеше незадоволството (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одигра меч против Чилеанецот Алехандро Табило во третото коло на Мастерсот во Рим и беше поразен со резултат 2:0, што ја направи публиката крајно незадоволна.

Малкумина веруваа дека Новак така лесно ќе испадне од турнирот во Рим, а се чини дека тоа најмалку го очекуваше публиката.

Реакциите на луѓето од трибините во текот на целиот натпревар главно отсуствуваа, немаше ниту преголема поддршка, ниту пак изразување на незадоволство.

Но, во самиот финиш на натпреварот Новак беше исвиркан по напуштањето на теренот, што долго време не се случило во Рим.

Бројот на загинати во огромните поплави во Бразил се зголеми на 136

Бројот на загинати во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул се искачи на 136, а 125 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Претходно беше соопштено дека во поплавите загинале 126 лица.

Околу 537.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови поради поплавите, пренесува Ројтерс.

Обилните врнежи, поврзани со овогодинешниот силен Ел Нињо, предизвикаа неколку реки и езера во тој дел на Бразил да го достигнат највисокото ниво досега и да се излеат од коритата.

притисни ентер