Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија.

Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. /МИА

Бајрами од „Европски фронт“: Известена меѓународната заедница за обидот за изборен инженеринг

Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политичкиот договор на маса.

Европскиот фронт ја извести целата меѓународна заедница и сите локални и меѓународни институции за обидот за изборен инженеринг со не-институционални и меѓупартиски договори за гласање и надгласување во Државната изборна комисија како и за партиски притисоци врз управниот суд.

Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политичкиот договор на маса.

Кредибилитетот на изборите и на демократскиот процес беше прифатен и поздравен од сите партии и меѓународната заедница.

Отпосле. со политички договори и монструозен антидемократски план, зготвен во партиските штабови на ВМРО, ЛСДМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните.

Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор и предупредување за враќање на претходно системи.

Сега демократијата на земјата и довербата во процесот се во рацете на управниот суд и ги повикуваме сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било партија и да го заштитат кредибилитетот на изборниот процес до крајот без да се фрли било каква дамка врз волјата на граѓаните изразена на изборите.

Неправедно и со надгласување како во времето на монизмот во ДИК, донесена е одлука за прегласување на некои избирачки места во 5-та и 6-та зона, токму на избирачките места каде победници се партиите кои се жалат, а нивните гласачи се именување како крадци, со што се понижува целото гласачко тело.

Медиумите, граѓаните, политичките партии, граѓанското општество, меѓународната заедница, Брисел и Вашингтон, заедно мораме да го изградиме фронтот на суверенот за еднаквост, правда, легитимитет, демократија и достоинство за да се соочиме со ова враќање на антидемократскиот систем што произведува меѓународната меѓусоседска, меѓуетничка, политичка и социјална криза.

Коалиција Европски фронт

Борачот Ананиев освои бронза на ЕП во Грција

Македонскиот борач Марио Ананиев, член на боречкиот клуб „Бучим“, освои бронзен медал на Европското првенство во слободен стил за помлади од 15 години кое се одржа во Грција.

Ананиев до третото место на пиедесталот дојде по победата над Бугаринот Валентин Господинов со 7:0.

Ова е прв медал на Европско првенство за македонската репрезентација по 10 години, а младиот Ананиев се натпреваруваше во категоријата до 57 килограми, во конкуренција на 225 натпреварувачи од цела Европа./МИА

Вреди: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфат

Изјавите на Бујар Османи, Талат Џафери и другите од нивниот ранг, претставуваат класична интервенција на ДУИ за вршење притисок врз административниот суд и ова е јасно прекршување на независноста на судството.

Изјавите на Бујар Османи, Талат Џафери и другите од нивниот ранг, претставуваат класична интервенција на ДУИ за вршење притисок врз административниот суд и ова е јасно прекршување на независноста на судството кое го загрозува интегритетот на судскиот и изборниот процес.

Наодите на ДИК се многу јасни и го потврдуваат она што ние го велиме од самиот почеток, дека ДУИ изврши нерегуларности и големи изборни прекршувања, со притисоци, уцени, закани и манипулации сано за да ја изврте волјата на граѓаните. Сега со притисоци врз судовите повторно се обидуваат да го направат истото.

Народот вели, „ Волкот влакното го менува, ама карактерот не“. Овие однесувања не не изненадуваат, ги имаме свежи притисоците врз Беса Адеми и знаеме дека ваквите изјави се најмалку што можат да направат. Како што ги прекршија сите демократски вредности, со потиснувањето на судството го прекршуваат и овој основен принцип на демократијата, но овој пат правдата ќе биде на наша страна. Силно веруваме во тоа.

Апелираме до Административиот суд да не биде под влијание на политички притисоци туку одлуката да ја донесе врз основа на правни извори и факти. Сакаме да веруваме во владеењето на правото и независноста на институциите, вклучувајќи ги и судовите.

Затоа, оценувајќи дека одлуката на ДИК е праведна одлука базирана на неоспорливи факти; факти што резултираа со едногласна одлука на сите членови на ДИК, и што ја прават оваа одлука уште поцврста и посилна, очекуваме да бидат почитувани.

притисни ентер