Алија има најдолга коса на светот- ја мие еднаш неделно и ја суши 24 часа (ВИДЕО)

Алија Насирова е навикната луѓето да ги вртат главите по неа, најмногу поради нејзината неверојатно долга и раскошна коса.

Поточно, нејзината должина е 2,57 метри, поради што неодамна стана горда сопственичка на Гинисов рекорд.

Алија е родум од Украина, додека како светски рекордер беше претставена во италијанската ТВ серија „Lo Show dei Record“.

Триесет и петгодишната девојка е висока 165 сантиметри, а никогаш во животот немала „правилна“ фризура.

Таа сака нејзиниот рекорд „да ги инспирира луѓето да уживаат во убавината и да бидат природни“.

Алија живее во Словачка, каде се занимава со уметност, графички дизајн, а работи и како модел на долга коса.

Нејзина најголема инспирација се нејзината мајка и баба, кои исто така имале многу долга коса, како и хероината од бајките Златокосата, со која ја споредуваат.

Таа ја мие косата еднаш неделно, за што ѝ се потребни околу 30 минути, со дополнителни два часа за нанесување на маска и пакување.

Таа не користи фен и ја суши природно, што обично трае 24 часа!

„Ја четкам косата само кога е сува, што трае еден час. Следам едноставни правила за да ја одржувам здрава. Не ја бојадисувам и земам природни препарати“, открила таа.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало со обвинение дека претседателот се дрогира

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи ја обвини шпанската социјалистичка влада дека ја загрозува средната класа со политики „кои носат само сиромаштија и смрт“.

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил дека Милеи бил под дејство на дрога за време на кампањата.

„Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез треба да се занимава со поважни прашања, како што се обвинувањата за корупција изнесени против неговата сопруга, прашање што дури го натера да размисли за оставка“, напиша Милеи во официјалното соопштение од Канцеларијата на Претседател на Република Аргентина.

Расправијата меѓу Буенос Аирес и Мадрид започнала откако шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте вчера сугерирал дека Милеи бил под дејство на дрога за време на телевизиските настапи.

Милеи, самонаречен десничарски слободар, исто така ги критикуваше договорите на Санчез со баскиските и каталонските сепаратисти, велејќи дека шпанскиот премиер „го загрози единството на Кралството, склучувајќи договори со сепаратистите и доведе до распаѓање на Шпанија“.

Тој додаде дека илегалната имиграција во Шпанија ја загрозува безбедноста на жените. Шпанската влада денеска категорично ги отфрли тврдењата на аргентинскиот лидер, велејќи дека таквите тврдења „не одговараат на односите на две братски земји и народи“.

Односите меѓу Шпанија и Аргентина се заладија откако Милеи дојде на власт минатиот декември, пишува Politico. Аргентинскиот лидер јавно ја поддржа шпанската десничарска опозициска партија Вокс.

Мелиса од Јужна Африка е најсекси спортската новинарка на светот (ФОТО)

Веќе навикнавме телевизиите да решаваат на своите канали да ангажираат убави дами кои го сакаат спортот, за да можат гледачите уште повеќе да уживаат во него, а изгледа дека SkySport ја најде можеби најубавата меѓу нив.

Мелиса Реди има 37 години и доаѓа од Јужна Африка, но моментално работи во SkySport, каде што блеска со својата убавина на секој пренос пред широката публика.

Таа е многу активна и на социјалните мрежи каде често разговара со своите „фанови“, додека неодамна одговори на прашање - кои три работи ја одржуваат исполнета.

Таа одговори дека тоа е здравје, мир и среќа, а еден корисник би рекол дека Бог ја наградил со убавина на денот кога се родила.

Тоа со право го кажа со оглед на тоа што Мелиса е една од најубавите водителки на светот.

притисни ентер