Херои на нашето време

Приказна за нашето време, за моралните, етичките и семејните вредности кои сите ние ги живееме! Сабота и недела од 15:20 часот.

„Херои на нашето време” е приказна за семејството Чичановиќ низ кое ги гледаме сите вредности на нашето општество, сите падови и подеми како и општествени згоди и незгоди кои ги носи ова време.

Мирослав Чичановиќ – Чичко е глава на ова семејство. Негова сопруга е Маја, со која се во брак уште од студентските денови, имаат 2 деца, ќерка и син. По студентските денови Чичко ја губи довербата во светот за кој не бил подготвен... Нема голем углед кај своте деца а уште помал кај сопругата. Целото семејство Чичановиќ, живее во станот од таткото на Чичко, Арсение кој е професор по математика во пензија.

На човек како Чичко, кој не импресионира ниту со својот став, ниту со своите способности, му се отвора голема прилика. Дали тоа ќе биде неговата шанса или пропаст останува да видиме!

Нова играна серија од Синиша Павиќ, авторот на легендарните серии „Среќни луѓе”, „Подобар живот”, „Тесна кожа”, „Семејно богатсво” ... „Херои на нашето време” е серија која на комичен начин ги потенцира сите недостатоци од ова време преку ликовите од семејството Чичановиќ.

Видео: Светска ѕвезда воодушеви со својот изглед!!

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез годинава доби почесно место како една од водителките на престижната Мет Гала.

Како и секогаш, Џенифер ги исполни очекувањата на сите љубители на модата.

Таа се појави во речиси проѕирен фустан украсен со камења, истакнувајќи ја нејзината совршена фигура.

Иако има 54 години, на нејзината витка фигура би и позавиделе девојките кои би можеле да и бидат ќерки.

Џенифер за оваа прилика избра суптилна шминка, а се гледаше секоја брчка на нејзиното лице, поради што многумина ја критикуваа.

@voguemagazine Co-chair of the 2024 #Metgala: #JLo has arrived in custom #schiaparelli ♬ original sound - Vogue

Имено, „Вог“ објави видео на социјалната мрежа „ТикТок“ каде Џенифер од крупен план им се обраќа на читателите на споменатиот магазин. На видеото јасно се гледаат вратот, брчките и темните кругови, а многу луѓе коментираа.

Демократски сојуз: Двојната победа огромен предизвик

Демократски сојуз, претседaтелските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции.

Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава.

Дамка на целиот изборен процес со обиди за негово нарушување, посебно во текот на вчерашниот изборен ден, фрли водството на ДУИ, кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успееше со бојкотот.

Пораката е јасна, граѓаните без разлика на политичката, етничката или верската припадност, гласаа за промени, за стабилна Македонија. ДУИ и СДСМ, граѓаните ги испратија во опозиција, со што се отвори патот за политичка, но и друг вид одговорност.

Победата е голема, а одговорноста е огромна

Демократски сојуз

Кралот Чарлс нема да оствари средба со синот Хари поради презафатеност!?

Принцот Хари нема да го види својот татко, кралот Чарлс, за време на неговата посета на Велика Британија за Игрите „Invictus“, бидејќи кралот ќе биде премногу зафатен, изјави портпаролот на Хари.

Во среда, 39-годишниот Хари ќе ја прослави десетгодишнината од меѓународниот спортски настан „Invictus Games“, кој го основал, во лондонската катедрала Свети Павле, кој е мултидисциплинарен спортски настан за ранети и болни воени ветерани.

- Како одговор на бројните прашања и шпекулации дали војводата ќе се сретне со својот татко за време на неговата посета на Обединетото Кралство оваа недела, за жал тоа нема да биде. Војводата од Сасекс разбира дека неговиот татко има обврски и разни други приоритети и се надева дека наскоро ќе го види - изјави портпаролот на принцот Хари.

притисни ентер