Костадиновска-Стојчевска: Не е доцна Арсовска да почне да ја работи својата работа

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вели дека не е доцна за градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да почне да ја работи својата работа за која скопјани ѝ ја дадоја поддршката .

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вели дека не е доцна за градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да почне да ја работи својата работа за која скопјани ѝ ја дадоја поддршката и да ја прекине својата игра за пласирање лажни информации за реконструкцијата на Универзална сала и заплашување на граѓаните со манипулативни тврдења.

„На градоначалничката која имаше можност две години да започне со реконструкција на Универзална сала и порачувам да почека да заврши истрагата и да води кампања на друга тема, а во меѓувреме наводните упади во Системот на Бирото за јавни набавки да ги пријави пред надлежните органи. Нека ги заштити сопствените профили бидејќи Арсовска е првата која обвинува за упад од кога е воведен Системот за јавни набавки“, вели Костадиновска-Стојчевска.

Костадиносвка-Стојчевска, објасни дека процесот на преземањето надлежности за Универзална сала од Град Скопје, Министерството за култура го направи со потпис и од градоначалничката Арсовска и од самата министерка.

„Реконструкција се одвиваат според законска процедура и според проектот кој Арсовска ни го предаде во документацијата, цитиран во Договорот потпишан од неа“, додава министерката која порачува дека нема да дозволи неуспшните политики и разочарувањето кај граѓаните од неработењето на Арсовска да бидат покривани со манипулации и лаги за Универзална сала, соопшти Министерството за култура.

ЈО: Притворот за Палевски почнува веднаш по неговото испорачување од Турција

Јавното обвинителство тукушто е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин.

Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, соопштуваат од Обвинителството.

МОН: Се реконструира студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу во Скопје

Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, започнаа да се реализираат на терен. 

Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје предвидени во договорот кој на почетокот на годината МОН го потпиша со австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, започнаа да се реализираат на терен. За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди.

Ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Македонија. Наскоро ќе започне и реконструкцијата на „Стив Наумов“ во Скопје, а потоа, во следните две фази ќе се реконструираат уште 7 други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Предвидена е промена на водоводната инсталација отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни LED светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија, а ќе се опремуваат и соби за студенти со посебни потреби.

Проектот се реализира со заем од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Министерство за образование и наука

Турското ГП би можело да се врати во календарот на Формула 1 за две години

Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој изјави дека земјата повторно може да биде домаќин на трка во Формула 1. Според него, тоа ќе се случи во 2026 година.

Последен пат турско Гран при се одржа како дел од Светскиот шампионат во кружни трки во сезоната 2021 година.

- Тендерот за управување на патеката Формула 1 во Истанбул се одржа на почетокот на април и беше успешно завршен. Сега преминавме на втората фаза. Претходниот закупец мора да го ослободи просторот и да го предаде на победникот. По ова, процесот на склучување договор за одржување на Гран при во Истанбул од 2026 година ќе продолжи брзо, изјави Ерсој за „Milliyet“.

Се истакнува дека тендерот за изнајмување и контрола на објектот „Истанбул Парк“, во кој е вклучена и тркачката патека, се одржал на 2 април. Го освои Кан Билим Егитим Курумлар А.С., чиј партнер е шефот на управниот одбор на турскиот огранок на Пирели, Лале Џандер.

Првата етапа во Турција во рамките на Формула 1 се одржа во 2005 година. Во 2021 година се одржа од 8 до 10 октомври. Победи Валтери Ботас со Мерцедес, Макс Верстапен во Ред Бул беше втор, а Серхио Перез трет. /МИА

притисни ентер