Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусија „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“ во организација на ТИРЗ и Кабинет на ЗПВ Битиќи.

Денешната трибина, ја посочи претседателот Ковачевски, како добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите во делот на поддршката на инвестициите и економијата, но истовремено и да се види што е она што треба да се преземе за уште подобри резултати.

Ковачечевски децидно истакна: „За силна економија е потребен ликвидно и силно стопанство, нови фабрики, раст на инвестициите, капитални инвестиции во инфраструктурата, развиено земјоделство, подобар животен стандард преку повисоки плати и пензии, пристап до ЕУ пазарите”.

Справување со предизвици, поддршка на домашната економија и компаниите преку правилни таргетирани мерки, финансиска поддршка, раст на платите, беа во фокусот на дискусијата, кои воедно се и дел од столбовите во новата програма на СДСМ.

„Економијата и поддршката на компаниите и инвестициите беа високо на агендата на Владата која јас ја предводев и на претходната Влада, природно доаѓа тоа бидејќи јас сум економист, но уште поприродно доаѓа во време на криза кога мора да работите прво на спасување на ликвидноста на компаниите, второ спас на работните места и трето одржување на животниот стандард на граѓаните со оглед на тоа дека секој е погоден од кризата и компаниите и граѓаните и оние што се најзасегнати а тоа се ранливите категории на граѓани. И затоа во изминатите 7 години ние генерално имавме многу силен акцент ставено на економијата." – истакна Ковачевски.

Со 100 милиони евра Владата предводена од СДСМ поддржа 919 компании, за разлика од 2017 година, кога имаше нула поддршка за домашните компании. Во последниот деветти пакет во вредност 662 милиони евра, 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризни мерки се вратија назад кај граѓаните и стопанството.

Ковачевски, особено се осврна на домашните компании кои се двигател на економијата, затоа и во време на СДСМ беа поддржани преку различни мерки:

„До 2017 година македонскиот работник беше евтина работна сила и компаниите имаа нула поддршка. Јасна е разликата кога ќе ви кажам дека изминатите 6 години, 919 домашни компании добија поддршка во вредност од 100 милиони евра со кои тие реализираа 500 милиони евра инвестиции. "

Секоја стратешка одука што ја имал како премиер поставено претседателот Ковачевски, има стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места. Овие цели се исполнуваат со продолжување по европскиот пат.

На крајот од оваа успешна дискусија, Ковачевски заклучи дека тоа е целта за која се застапува и за која се застапува СДСМ и коалицијата за европска иднина. Бидејќи се друго се сценарија кои немаат економска логика, зад кои не стои никаква ниту политичка ниту економска калкулација и кои што ќе значат само враќање во некои неизвесни времиња. СДСМ нуди извесност, нуди надеж и напорна работа за да може да го оствари она што го заслужува Македонија, како земја која културолошки, економски и по секој друг основ и припаѓа на ЕУ, се наведува во партиското соопштение.

Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови

Претседателот на Палестинската самоуправа (ПА) Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската армија во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Рафа моментално е дом на околу 1,45 милиони луѓе, од кои повеќето претходно беа раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте. Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа.

Палестинскиот претседател изрази загриженост поради присилното раселување на палестинското население од Западниот Брег под управа на ПА, откако израелската армија ќе „заврши со Газа“.

Тој нагласи дека ПА одбива да прифати етничко чистење на Палестинците од двете територии и додаде дека палестинската самоуправа бара да се прекине конфликтот и да се даде помош на населението.

Владата на Португалија не планира да плаќа репарации за злосторства над робовите

Спротивно на изјавите на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза, Владата на Португалија денеска соопшти дека одбива да започне каков било процес на исплата на репарации за злосторствата.

Спротивно на изјавите на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза, Владата на Португалија денеска соопшти дека одбива да започне каков било процес на исплата на репарации за злосторствата извршени за време на трансатлантската ропска и колонијална ера.

Од 15 до 19 век, шест милиони Африканци биле киднапирани и насилно транспортирани преку Атлантикот со португалски бродови и продадени во ропство, главно во Бразил.

Ребело де Соуза изјави и дека Португалија може да користи неколку методи за плаќање репарации, како што се отпишување на долговите кон поранешните колонии и обезбедување финансиска поддршка.

Сепак, португалската Влада соопшти дека сака „подлабоко подобрување на меѓусебните односи, почитување на историската вистина и сè поинтензивна и блиска соработка, заснована на помирување на братските народи“ и додаде дека не постои „процес или програма за конкретни акции за исплата на репарации“, истакнувајќи дека оваа политичка линија ја следеле и претходните влади.

Владата во Лисабон оцени дека односите со поранешните колонии се „навистина извонредни“, особено во областите како што се образование, јазик, култура, здравство, но и во доменот на финансиската и економската соработка.

ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112, нема пожари на отворено

 Во последното деноноќие има вкупно 1,616 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици се 64,48 отсто.

Во последното деноноќие има вкупно 1,616 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици се 64,48 отсто, а 35,52 отсто се за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон полиција се упатени 72,11 отсто, кон Итната медицинска помош 24,3, а кон пожарникарите 2,32 отсто, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Имало 842 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (1,20%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(35,52%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), соопштија од ЦУК.

Во последното деноноќие, како што велат, имаше евидентирани два пожара на отворен простор, гореа две депонии.

-Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струга од 16:00 до 17:00 часот со два пожарникара и едно противпожарно возило гаснеле запалена депонија кај „Еуро Хотел“ во Општина Струга, а РЦУК Тетово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово во изминатото деноноќие имале една помала интервенција на запалена депонија во Општина Тетово, прецизираат од ЦУК.

притисни ентер