Ламборџини има ново лого, го сменија по две децении (ВИДЕО)

И Lamborghini се приклучи на зголемениот број производители кои решија да претстават ново лого.

Познат е рецептот, а тоа е да се поедностави изгледот на логото во согласност со актуелните трендови поврзани со дигиталните услуги. Со други зборови, тродимензионалното печатење повеќе не е во мода, ниту употребата на тешка графика, оптоварена со детали.

„Храбар, неочекуван и автентичен“, вака Lamborghini го најавува првиот редизајн на амблемот по повеќе од две децении.

Важно е дека бесниот бик се уште е таму. Новиот корпоративен идентитет носи само редизајн на постојното решение. И тоа е добро, бидејќи постоечкиот беше беспрекорен, исто како и автомобилите што ги претставува.

Новото лого веќе се користи на дигиталните платформи на Lamborghini и е предвидено за употреба на претстојните модели.

Шпекулациите сугерираат дека би можел да дебитира на наследникот на Huracan, кој се очекува во наредните месеци со plug-in хибриден V8 мотор. Потоа, ревидираниот амблем ќе ги краси постоечките модели, како што се Revuelt V12 или редизајнираниот Urus што го очекуваме.

Друга значајна промена е тоа што бесниот бик сега ќе стои сам на дигиталните канали на Lamborghini, за прв пат одвоени од штитот. Дополнително, ќе има „нов сет на икони“ развиен во соработка со Centro Stile на Lamborghini.

Барнли го осуди навивачкото скандирање за трагедијата во Минхен

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година.

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година, во која, меѓу другите, загинаа осум фудбалери на Јунајтед.

Во саботата Барнли успеа да освои бод против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (1:1), а на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат скандирања и недолични гестови меѓу навивачите на Барнли во врска со трагедијата во Минхен.

„Гестовите и скандирањето во врска со трагедијата е целосно неприфатливо однесување и фудбалскиот клуб Барнли не го толерира. Ќе работиме со полицијата и Манчестер Јунајтед за да помогнеме во идентификувањето и кривичното гонење на одговорните лица“, се вели во соопштението на Барнли, пренесе Би-Би-Си. (ББЦ).

Во авионска несреќа во Минхен во 1958 година, загинаа 23 лица, меѓу кои и осум фудбалери на Манчестер Јунајтед.

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, во ненајавена посета на Кина

 Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната мрежа „X“ Илон Маск, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, пристигна денеска во Кина, соопштија претставници од Пекинг за кинеската централна телевизија.

„Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, пристигна во Пекинг попладнево на покана на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија“, објави кинеската централна телевизија.

Посетата не беше однапред најавена.

Според западни медиуми, Маск ќе се сретне со високи претставници на кинеската влада за да разговара за имплементацијата на софтверот за автоматизирано возење и да побара одобрение за пренос на податоците собрани во земјата за обука на алгоритми за технологии за автономно возење.

Тежок маратон во Белград, победникот на маратонот ја мина целта и падна на асфалтот

Кенискиот атлетичар Гилберт Киплинг Чумба победи на Белградскиот маратон, а потоа падна на асфалтот.

Чумба постигна одлично време - 2:11.47, но се чини дека силното темпо и условите во главниот град на Србија оставија трага на неговото тело.

Кога ја мина целта како победник, Чумба колабираше на улица, по што мораа да реагираат медицинските екипикои на носилка го однесао победникот на маратонот во болница на рехабилитација.

Второто место го освои сонародникот на Чумба, Гилберт Шериот Муге со 2:12;20, додека трет беше уште еден Кениец Емануел Кипкогеи, кој се искачи на подиумот со време 2:20;41.

Ема Черуто е победничка на 37. Comtrade Belgrade Marathon, трката ја истрча навреме (2:31.31). Во полумаратонот триумфираше Мохамед Ел Гаузани од Мароко.

Белградскиот маратон, 37-ми по ред, започна во осум часот со традиционалниот почеток пред црквата „Свети Марко“. На делница од 42.195 метри тргнаа 2.000 натпреварувачи.

притисни ентер