Мик Џегер објави снимка како танцува, сите му се смеат (ВИДЕО)

Мик Џегер на својот Инстаграм профил објави урнебесно видео од ноќно излегување.

Во видеото, Мик танцува пред публиката на Mustique Blues Festival на Карибите додека бендот го свири хитот на Maroon 5 - Moves Like Jagger.

За песната Џегер реши на сите да им ги покаже своите танцови потези. Додека музичарот се фрла околу подиумот за танцување и скока, лицето што го снима се смее, а потоа Мик прснува од смеа.

Тоа видео насмеа многу негови следбеници. За помалку од еден ден Мик собра 160 илјади лајкови.

„Кој те натера да го направиш ова“, „Замисли Мик Џегер лежерно танцува во публика додека играш“, „Никој не танцува како Џегер“, „Те обожавам“, „Умирам од смеа“, „Никогаш не би кажале дека имаш 80 години“, се дел од коментарите.

Мик никогаш не криел дека е обожавател на големиот хит уште од неговото појавување. "Посакувам да ја напишав. Но, тоа би било малку чудно, нели? Тоа не е типична песна на Maroon 5, па тие веројатно се изненадени од нејзиниот успех како и јас. Тоа е многу привлечно. Единственото нешто дали ме тера да сакам да танцувам кога ќе го слушнам тоа“, рече Мик претходно.

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите.

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите.

Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна група за истрага на раководството на администрацијата, која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што резултираше со застој и повеќе од 100 приведени.

Полицијата привела околу 100 луѓе денеска наутро во обид да го расчистат пропалестинскиот протестен камп на Нортистерн Универзитетот во Бостон поради антисемитски навреди, соопштија од НВУ.

Акцијата беше преземена откако демонстрантите кои прибегнаа кон „вирулентни антисемитски навреди, вклучително и „Убиј ги Евреите“, ја преминаа границата“, се вели во соопштението на универзитетот на Х.

Иако универзитетот постојано поставуваше, а потоа ги одложуваше роковите за отстранување на кампот поставен од демонстрантите, универзитетот испрати е-пошта до студентите во петокот вечерта во која се вели дека враќањето на полицијата во кампусот во овој момент би било контрапродуктивно, јавија американсккте медиуми.

притисни ентер