Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во Мадрид изјави дека ќе игра на претстојниот Ролан Гарос само доколку почувствува дека е доволно подготвен за да се натпреварува, пренесе Би-би-си.

Надал лани не играше на Ролан Гарос поради повреда. Шпанскиот тенисер оваа недела ќе игра на Мастерсот во Мадрид.

-Да бев во Париз денес, немаше да излезам да играм. Мислам дека не би можел да играм 100 проценти, но важно е да можам да играм последен пат во Мадрид. Многу ми значи да играм на овој турнир каде имав добри моменти, рече Надал на прес-конференција во Мадрид.

Во Кумровец одекнаа сирените во 15.05 часот во чест на Тито

Со звукот на сирените во 15 часот и 5 минути и со полагање венци и палење свеќи денеска во Кумровац беше одбележана 44-годишнината од смртта на Јосип Броз Тито.

Бројни делегации, меѓу кои и оние од општина Кумровец, Здружението на друштвата Јосип Броз Тито и Здружението на антифашистички борци и антифашисти (САБА) на Република Хрватска и Крапино-загорската жупанија, предводени од префектот Жељко Колар, положија венци до споменикот пред родното место на Тито, објави Индекс.

Претседателот на САБА, Фрањо Хабулин рече дека мисли оти Загорје и Хрватска имаат човек со кого можат да се гордеат.

„Тито беше пред сѐ револуционер, човек кој го крена народот на сенародно вооружено востание против окупаторите, но и против нивните слуги, локални квислинзи од сите бои, во Словенија од белогардеците, усташките, четниците и така натаму. Како војсководец успешно ја водеше народноослободителната борба до конечната победа над антифашизмот на нашите простори“, рече Хабулин.

Тој, исто така, потсети дека Тито беше креаторот на Движењето на неврзаните, кое одигра значајна улога во смирувањето на тензиите за време на Студената војна меѓу источниот и западниот блок. „Тие ги обезбедија условите за релаксација, мир и стабилност во светот. Така, тоа беше Јосип Броз и затоа сме денес овде“, заклучи Хабулин.

Префектот Колар рече дека овој пат и на својот Загорец му оддаваат едноминутно молчење „за она што го направи добро во животот и остави белег во историјата“.

„Победник во Втората светска војна, војсководец, јасно и одлучно „не“ на Сталин во 1948 година, Уставот во 1974 година кој ѝ овозможи на Хрватска да има правна основа да прогласи независна државност, за жал стекната со крв благодарение на нашите хрватски ветерани. Доста за еден живот, за еден човек, огромна работа“, нагласи Колар.

Првиот човек на општина Кумровец Роберт Шплајт рече дека овојпат општината организирала богата програма за одбележување на годишнината од смртта на Тито. „Луѓето доаѓаат овде во Кумровец да се потсетат на старите времиња, на историјата што е зад нас, а не да ја идеализираат и да направат приказна за поранешната држава и да ги вратат духовите од минатото“, рече Шплајт.

Димитриевски со порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, за разлика од нив имаме став

Преседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска, заедно со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Даниел Стојчевски и останатите кандидати имаше средби со граѓаните во Куманово.

Во изјавата за медиумите Димитриевски упати неколку прашања до поранешниот премиер Ковачевски и, како што рече, луѓето коишто ја узурпирале социјалдемократијата во Македонија.

„Сакам да го прашам Ковачевски каде беше додека режимот на Груевски ја газеше Македонија, додека пратеници беа исфрлани од Собрание, додека луѓе маршираа по улици и се бореа за демократија и праведно општество?

Каде беше Ковачевски кога крвави излеговме од Собрание? Дали беше во друштво на Мијалков и Груевски во свечената ложа на Македонската филхармонија и уживаше во концертите? Дали тогаш беше вистински социјалдемократ, како што денеска глуми загрижен социјаладемократ?

Воедно да го прашам дали таа социјалдемократија за којашто тој се бори е всушност истата којашто се откажа од Гоце Делчев, ги избриша АСНОМ-ските повелби од Уставот на Македонија, дополнително ги прогласи за админстратори, а не за бугарски окупатори.

Учествуваше во менувањето на македонската историја и погубното потпишување на меѓудржавни договори со коишто се нанесе долгорочно зло на Македонија и на следните генерации“. Димитриевски истакна дека патот на ЗНАМ е јасен.

„Ние продолжуваме заедно со граѓаните напред. Нашата цел е да бидеме со граѓаните и без рзлика кој со каква иделогија е да ги застапуваме соодветно во идниот парламентарен состав.

Повеќе од убеден сум дека витинските социјалдемократи денеска се во ЗНАМ. Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став.

А тие решија да ја уништат социјалдемократијата во целост грижејќи се за сопствените функции и позиции со тоа што се ставија самите себе си на добитни места на пратеничките листи, кои се всушност листи за обезбедување на имунитет на сите оние коишто учествуваа во тешки кривични дела во државата за коишто треба да сносат одговорност, а воедно со тоа даваат еден лош пример на реалните социјалдемократи“.

Тој ги повика сите социјалдемократи, сите слободоумни граѓани да дојдат и да се приклучат во ЗНАМ.

„Во ЗНАМ има место за сите. ЗНАМ е граѓанска партија којашто не прави разлика помеѓу граѓаните ниту на верска, ниту на етничка,ниту на било која друга основа. ЗНАМ е место за сите, мместо кадешто сите Македонци и сите останати граѓани на Македоннија можат да се обединат“, рече Димитриевски и упати честитка за претстојниот празник.

„Во оваа прилика сакам да им го честитам претстојниот празник на сите христијани од православна исповед и да посакам здравје и среќа. Воедно ве повикувам заедно да се бориме против црно-сивиот свет којшто е изграден во овие изминати 33 години“, рече Димитриевски во изјавата за медиумите денеска во Куманово.

Сектор за односи со јавност

Јаник Синер се повлече од Мастерсот во Рим, сите шокирани

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да учествува на АТП Мастерсот во Рим, бидејќи се повлече од него.

Оваа информација ја потврди и самиот тенисер, со објава на социјалните мрежи.

- Не е лесно да се напише оваа порака, но откако повторно разговарав со лекарите и специјалистите за моите проблеми со колкот, морам да објавам дека за жал нема да можам да играм во Рим. Многу сум тажен што не се опоравив, тоа е еден од моите омилени турнири. Едвај чекав да се вратам и да играм дома пред италијанската публика. Сепак, ќе дојдам во Рим на неколку дена и ќе застанам на „Форо Италико“. Ви благодарам за вашите пораки за поддршка кои многу ги ценам. Сега ќе работам со мојот тим и лекарите за да бидам подготвен за Ролан Гарос. Се гледаме наскоро - напиша Синер.

Да потсетиме, Синер лани стигна до четвртото коло, односно осминафиналето на споменатиот турнир.

притисни ентер