Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

Џастин и Хејли Бибер објавија среќна вест, ќе станат родители

Џет сет двојката Џастин и Хејли Бибер објави среќна вест, дека наскоро ќе станат родители.

Светсксата музичка ѕвезда Џастин Бибер и неговата сопруга манекенката Хејли на Инстаграм објавија дека чекаат дете.

Парот објави неколку заеднички фотографии, кои најверојатно се направени на обновување на заветите, а на кои се гледа трудничкиот стомак на убавата Хејли.

Хели и Џастин се во брак шест години и ова ќе биде нивното прво дете.

Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци

Околу 104.000 пакувања леб се повлечени од продажба во Јапонија, откако во две пакувања се пронајдени делови од стаорци, соопшти производителот на леб „Паско Шикишима“.

Компанијата потврди дека е покрената истрага откако во две пакувања леб биле пронајдени делови од телото на стаорци, пишува Јапан Тајмс.

„Сакаме длабоко да се извиниме што предизвикавме непријатности на нашите муштерии и клиенти“, се вели во соопштението на компанијата.

Се додава дека производството ќе биде прекинато до крајот на истрагата.

Земјата од вечерва ќе биде погодена од геомагнетна бура предизвикана од ерупции на Сонцето

Земјата денеска и во наредните денови ќе биде погодена од силна геомагнетна бура предизвикана од ерупции на површината на Сонцето што се случија претходните денови, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Силата на оваа бура ќе биде Г4, од која само Г5 е посилна, а се очекува да предизвика проблеми со енергетските системи, вселенските летала, сателитите и радиофреквенциите, пренесува порталот watcher.news.

Ова е прва геомагнетна бура Г4 од 2005 година, а се очекува да почне вечер и да трае до 13 мај.

притисни ентер