Османи во „вкрстен оган“ во Србија по најавите за македонско коспонзорство за Сребреница

Жестоки реакции од Белград по најавите на министерот за надворешни Бујар Османи дека Македонија ќе биде еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. 

Жестоки реакции од Белград по најавите на министерот за надворешни Бујар Османи дека Македонија ќе биде еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ во телевиско интервју упати јавно прашање до неговиот македонски колега Османи – дали целиот народ стои зад поддршката на Резолуцијата но и дали би поддржал Резолуција за геноцид врз Србите во Јасеновац?

„Прашање е дали тоа го поддржуваат Албанците од Македонија или навистина го поддржуваат Македонците?

Како и да е дали е тоа официјален став на државата?

Па не знам дали е официјален став дали е утврдено? Дали ме разбирате? Ние честопати ја имаме таа политика кога и да треба нешто да гласа Македонија тие кажуваат - па Албанец ни е амбасадор таму! Овде ни е Албанец министер за надворешни! Па чекајте како да нема Србин негде. А кога е Србин нешто во Црна Гора тогаш кажуваат – не може Србија да влијае.“

И српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја резолуцијата го повтори ставот дека Србија не е одговорна за геноцидот.

„Утврдено е дека Србија на било кој начин не е одговорна за геноцид. Во Сребреница секако беше извршено страшно злосторство. И не беше проблем некој да дојде и да покаже пиетет и каење.“

Од владата за Канал 5 велат дека досега не било разговарано за иницијативата на Османи, ниту воопшто се нашла и на денешната владина седница.

Османи вчера одговарајќи на новинарско прашање рече дека не очекува односите со Србија да бидат нарушени.

„Не мислам дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, зашто осудуваме геноцид и бараме да се одбележи убивањето на над 8 000 цивили.“

Одлуката на Османи околу Резолуцијата за Сребреница предизвика реакции и кај дел од партиите во земјава. Од Партијата на Србите во Македонија го обвинија дека ја злоупотребил министерската функција за прашање за кое како што велат може да биде негов личен или партиски став. Од Бошњачкиот демократски сојуз пак излегоа со поддршка на Османи.

Генералното собрание на ОН за нацрт-резолуцијата треба да расправа на 2 мај, додека расправата е најавена за утре на затворен состанок во ОН. Со неа меѓу другото, се предвидува 11 јули секоја година да се одбележува како „Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година“.

Ева Лонгрија се сели во Европа- се вљубила во шпански град уште пред 20 години

Актерката Ева Лонгорија привремено се сели во Шпанија со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго.

„Таа ќе помине многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за Page Six. Тој забележува дека преселбата не е трајна.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купиле викендица таму на почетокот на 2023 година.

„Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјавила актерката за време на интервјуто за Hello! во јануари 2024. „Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа. Куќата е многу пространа и сите членови на нивното семејство доаѓаат таму на одмор.

"Тоа е викендица и доаѓаат мајка ми, сестрите и нивните деца. И, се разбира, има голема кујна", објаснила актерката. Таа ја купила куќата по пет години потрага по совршено место за одмор за нејзиното семејство.

„Првиот пат кога дојдов во Марбела, пред две децении, тоа беше љубов на прв поглед. Си реков: „Еден ден ќе живеам овде“, вели таа. Куќата во Беверли Хилс ја продаваат. Ја спуштиле цената од 22,8 на 19,9 милиони долари.

Почина Марија, највисоката жена на светот- прогласена е тридневна жалост

Марија Фелисијана дос Сантос починала на 77-годишна возраст во Бразил, која на светот му станала позната по рекордната висина од 2,25 метри кога имала само 23 години.

Од 1960-тите, таа го доби прекарот „кралица на височината“.

Таа била примена во болница минатиот понеделник каде ѝ била дијагностицирана пневмонија и починала од компликации на срцето.

Марија е родена во Ампаро во Сан Франциско и го поминала животот во различни циркуси каде настапувала и ги воодушевувала луѓето со својот изглед.

Во мај 2022 година, статуа била посветена на Марија на влезот во Museu de Gente Sergipana.

Сантос многу години се сметала за највисоката жена во Бразил и во светот, пред да почне да се намалува како што стареела.

По нејзината ненадејна смрт, градоначалникот на Аракаху Едвалдо Ногеира прогласил тридневна жалост и ѝ оддаде почит на поранешната кошаркарка и пејачка.

Хаос во автосалон: Кинески електричен автомобил „ги збриша“ посетителите (ВИДЕО)

Екстремно непријатна ситуација за кинески производител.

Како по правило, со напредокот на технологијата, се подобрува и безбедноста на учесниците во сообраќајот, но понекогаш класичните решенија изгледаат далеку подобри. Најдобар пример за ова е системот за палење без клуч, кој понекогаш може да резултира со опасна ситуација.

Додадете на тоа екстремно агилен и тивок електричен погон и маса луѓе, а несреќата е само прашање на време. Токму тоа се случило на меѓународната изложба на возила со нова енергија во Нанџинг.

На настанот што се одржал минатиот месец, Zeekr го изложиле автомобилот Extreme Krypton X, кој поради непочитување на безбедносните правила во еден момент почнал неконтролирано да се движи. За време на несреќата повредени се пет посетители, меѓу кои и едно дете, а сите се хоспитализирани.

Според последните информации, до несреќата дошло бидејќи автомобилот не бил деактивиран во таканаречениот Exhibition mode. Бидејќи клучот бил доволно блиску до автомобилот, еден од посетителите случајно го активирал возењето и го придвижил автомобилот напред, удирајќи во неколку посетители и два автомобили.

Претставниците на производителот ја презедоа одговорноста и преку официјални канали се извинија, нагласувајќи дека во иднина ќе бидат повнимателни при изложување на автомобилите.

притисни ентер