Вархеји: Следната ЕК ќе биде Комисија за проширување, ЕУ наскоро ќе има нови членки

Проширувањето на ЕУ придонесува за долгорочен мир, стабилност, безбедност и просперитет и затоа Европа многу посериозно да го сфати овој процес отколку што беше случај во претходниот мандат.

Проширувањето на ЕУ придонесува за долгорочен мир, стабилност, безбедност и просперитет и затоа Европа многу посериозно да го сфати овој процес отколку што беше случај во претходниот мандат, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји во обраќањето на Конференцијата „Кон заедничка иднина“ во организација на Демократскиот самит на Југосточна Европа (СЕЕДЕМ) во Брисел.

- Геополитичкиот и геостратешкиот пејзаж во Европа и околу Европа значително се променија во последните две години и за жал се чини дека овие промени се уште не се завршени. Но, од оваа промена има една позитивна опција, а тоа е што проширувањето стана еден од главните приоритети до сега, не само во ЕУ, туку и околу Европската унија, истакна Верхеји.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Вархеји потсети дека на земјите од Западниот Балкан „веќе 21 година им е ветено пристапување во ЕУ“ и може многу да се дискутира зошто процесот траеше толку долго, но сега е јасно дека проширување со регионот и со источните партнери е едно од три приоритети од следниот мандат на европските институции

- Се надеваме дека следната Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки насочени кон ова во текот на годината, за време на институционалната транзиција. Затоа што 21-та година имаа свој данок на сите нас, не само во Европа каде што беше популарно да се каже дека има замор од проширувањето, туку и на Западен Балкан. Имаше свој данок, но сега мислам дека има повик за будење дека ако Европа не го спроведе проширувањето заради себе и заради свој интерес, може да се соочи со ризик да го загуби долгорочниот мир, стабилност и безбедност дури и во Европа, истакна Вархеји, додавајќи дека е крајно време сега да ставиме до знаење ЕУ дека наскоро ќе има нови членки.

Според Вархеји, ЕУ јасно им порача на земјите од Западниот Балкан дека работи уште понапорно за да биде подготвена да ги пречека како нови членки, но дека тоа е процес на исполнување на критериуми и трансформација.

- Можеме да ги сакаме колку што сакаме, но тие (земјите кандидати) мора да ги испорачаат. Ние секако ќе им помогнеме во тоа. Европската Унија може да испорача проширување само откако ќе се исполнат условите, порача Вархеји

Според него, кога станува збор за проширувањето Брисел сака да зборуваме за институционални прашање - поглавја, одредници, нивно отворање и затворање... што наликува како да возите по автопат и да саката да ги прочитате сите ознаки.

- Тоа нема смисла. Она што има смисла е да знаете каде сакате да стигнете. И затоа вложивме многу јасен и силен напор на другиот дел од целиот процес на проширување, а тоа е вистинската интеграција, како што сакам да ја наречам. Вистинската интеграција, значи општествата и економиите целосно да се интегрираат во европските, затоа што ова е големото прашање на секое проширување. Треба да вложиме напор за да се осигуриме дека овие земји ќе се интегрираат уште пред да влезат во Европската Унија, нагласи Вархеји.

За таа цел, според него, се промените и преговарачкиот процес за да се обезбедат реформи, интеграција и адаптација на европското во националните правни системи, но тука е и Економскиот и инвестицискиот план за Западниот Балкан, кој обезбедува 30 милијарди евра што е приближно една третина од БДП на целиот регион.

- Но, ова нема да биде доволно... и поради таа причина, дојдовме до друга идеја, а тоа е Планот за раст. И идејата зад Планот за раст беше да се обиде да се спроведат сите главни напори што треба да се направат за проширувањето, односно реформите, истакна Вархеји.

Тој најави дека следната недела ќе биде создаден Механизмот за финансиска поддршка на Планот, како и реформските агенди на секоја земја од Западниот Балкан. Со Планот, според него, ќе се помогне да се забрзаат реформите и ќе се создаде можност граѓаните и бизнисите во овие земји да ги почувствуваат придобивките од членството, уште пред целосната интеграција.

- Затоа го додадовме дополнителниот финансиски инструмент на Планот за раст од шест милијарди евра, бидејќи со ова не само што можеме да ги поттикнеме реформите што ги прават овие земји, туку и да им помогнеме да станат конкурентни, истакна Вархеји.

Тој потенцира дека во рамки на овој План за раст и заедно со средствата од Економскиот и инвестицискиот план и поддршката од ИПА фондовите, земјите од регионот ќе добијат значително поголемо ниво помош до 2027 година.

- Од тој датум натаму, ништо не ќе го спречува Западниот Балкан да биде подготвен за влез во Европската Унија. Така, мислам дека следната Комисија ќе биде полна со предизвици, но ќе ја има убавината да посака добредојде на нови членки, заклчи Вархеји.

Ева Лонгрија се сели во Европа- се вљубила во шпански град уште пред 20 години

Актерката Ева Лонгорија привремено се сели во Шпанија со сопругот Хозе Бастон и синот Сантијаго.

„Таа ќе помине многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за Page Six. Тој забележува дека преселбата не е трајна.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купиле викендица таму на почетокот на 2023 година.

„Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјавила актерката за време на интервјуто за Hello! во јануари 2024. „Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа. Куќата е многу пространа и сите членови на нивното семејство доаѓаат таму на одмор.

"Тоа е викендица и доаѓаат мајка ми, сестрите и нивните деца. И, се разбира, има голема кујна", објаснила актерката. Таа ја купила куќата по пет години потрага по совршено место за одмор за нејзиното семејство.

„Првиот пат кога дојдов во Марбела, пред две децении, тоа беше љубов на прв поглед. Си реков: „Еден ден ќе живеам овде“, вели таа. Куќата во Беверли Хилс ја продаваат. Ја спуштиле цената од 22,8 на 19,9 милиони долари.

Почина Марија, највисоката жена на светот- прогласена е тридневна жалост

Марија Фелисијана дос Сантос починала на 77-годишна возраст во Бразил, која на светот му станала позната по рекордната висина од 2,25 метри кога имала само 23 години.

Од 1960-тите, таа го доби прекарот „кралица на височината“.

Таа била примена во болница минатиот понеделник каде ѝ била дијагностицирана пневмонија и починала од компликации на срцето.

Марија е родена во Ампаро во Сан Франциско и го поминала животот во различни циркуси каде настапувала и ги воодушевувала луѓето со својот изглед.

Во мај 2022 година, статуа била посветена на Марија на влезот во Museu de Gente Sergipana.

Сантос многу години се сметала за највисоката жена во Бразил и во светот, пред да почне да се намалува како што стареела.

По нејзината ненадејна смрт, градоначалникот на Аракаху Едвалдо Ногеира прогласил тридневна жалост и ѝ оддаде почит на поранешната кошаркарка и пејачка.

Хаос во автосалон: Кинески електричен автомобил „ги збриша“ посетителите (ВИДЕО)

Екстремно непријатна ситуација за кинески производител.

Како по правило, со напредокот на технологијата, се подобрува и безбедноста на учесниците во сообраќајот, но понекогаш класичните решенија изгледаат далеку подобри. Најдобар пример за ова е системот за палење без клуч, кој понекогаш може да резултира со опасна ситуација.

Додадете на тоа екстремно агилен и тивок електричен погон и маса луѓе, а несреќата е само прашање на време. Токму тоа се случило на меѓународната изложба на возила со нова енергија во Нанџинг.

На настанот што се одржал минатиот месец, Zeekr го изложиле автомобилот Extreme Krypton X, кој поради непочитување на безбедносните правила во еден момент почнал неконтролирано да се движи. За време на несреќата повредени се пет посетители, меѓу кои и едно дете, а сите се хоспитализирани.

Според последните информации, до несреќата дошло бидејќи автомобилот не бил деактивиран во таканаречениот Exhibition mode. Бидејќи клучот бил доволно блиску до автомобилот, еден од посетителите случајно го активирал возењето и го придвижил автомобилот напред, удирајќи во неколку посетители и два автомобили.

Претставниците на производителот ја презедоа одговорноста и преку официјални канали се извинија, нагласувајќи дека во иднина ќе бидат повнимателни при изложување на автомобилите.

притисни ентер