Почитувани гледачи, на првиот ден од кампањата за парламентарните избори во Само Вистина ќе дебатираат носителите на листи од првата изборна единица Данела Арсовска -Нова Алтернатива и Добрила Андоновска-коалиција „Храбро за Македонија“.
Изборната трка, лов на гласови или лов на „вештерки“, време за избори или за уцени?
Дали МНР ја претставува Македонија или друга држава?
Полни усти со европски фронтови, а никако ЕУ да ја донесеме дома, како ќе се стигне до гласачите?
Политички расплет или заплет, што ќе се случува по изборите во Македонија ? Вечерва во Само Вистина Александар Видиновски со Данела Арсовска и Добрила Андоновска, по вестите во 18.