„Windows 11“ има четири нови функции: Ќе ви го олесни животот

„Windows 11 Moment 5“ моментално е најновата верзија на овој оперативен систем.

„Windows 11 Moment 5“ е во подготовка за „Windows 11 24H2“, и додека некои функции се нови, некои се значително подобрени. Еве четири од најдобрите примери.

Бришење системски апликации

Ако имате „Windows 11 Moment 5“, можете да деинсталирате повеќе претходно инсталирани апликации отколку што беше можно порано. Ова ги вклучува, на пример, „Microsoft Edge“, но и други апликации како Камера или Фотографии.

Подобар распоред

Со влечење на одреден прозорец на апликација до работ на екранот, „Windows 11“ сега предлага „паметен распоред“.

Ако ја преместите стрелката над иконата за да го направите прозорецот поголем, „Windows 11“ ќе го прикаже ова без да мора да го држите и влечете прозорецот - оваа функција се нарекува „Snap Layout“ и нуди повеќе опции за автоматско уредување на прозорците.

Ако често работите со неколку апликации истовремено, брзо ќе научите како да ја користите оваа функција и ќе ви биде вредна.

Подобрен „Windows Airdrop“

Со функцијата „Windows Nearby“, позната и како „Nearby Sharing“, корисниците можат полесно да споделуваат датотеки помеѓу компјутерите со „Windows“.

Функцијата се базира на „Airdrop“ на „macOS“, а со новото ажурирање, корисниците можат да контролираат повеќе детали за споделување - на пример, името на компјутерот кога ја користат функцијата.

Полесно решавање проблеми

Во иднина, опцијата „ Fix problems using Windows Update “ ќе биде достапна во поставките на оперативниот систем, кога ќе отидеш до „System -> Recovery“.

Ако „Microsoft“ открие што е проблемот и има ажурирање што ќе помогне да се поправи, можете да го инсталирате од таму.

За време на процесот, „Windows 11“ повторно се инсталира со помош на тековната верзија. Сите поставки и податоци се зачувани, така што постапката е слична на инсталирањето од облакот.

Извор: Б92

СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање

Израелски копнен напад врз градот Рафа на крајниот југ на Појасот Газа, каде што хуманитарните групи проценуваат дека се засолниле 1,2 милиони Палестинци, може да заврши со „крвопролевање“, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на X напиша дека напад врз Рафа може да има „страшни последици“.

- СЗО е длабоко загрижена дека целосната воена операција во Рафа може да доведе до крвопролевање и дополнително да го ослабне и онака кревкиот здравствен систем, напиша Гебрејесус.

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири ракети со долг дострел ATACMS испратени во Украина од САД и лансирани од Киев врз полуостровот Крим, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.

Сè уште не се познати обемот и влијанието на нападот на Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

Киев сè уште јавно не ги коментирал тврдењата на Русија.

Тројца повредени во руски напад врз Харков

Остатоци од соборени руски беспилотни летала рано утринава погодија цивилни цели во Харков, вториот по големина град во Украина, при што беа повредени три лица и предизвикаа пожар во деловна зграда.

Регионалниот гувернер Олех Синехубов на Телеграм информира дека 13-годишното дете и една жена се хоспитализирани. На друга жена и била укажана помош на лице место.

Службите за итни случаи го ставаат пожарот под контрола, додаде тој.

притисни ентер