106 – годишен дедо скокна со падобран и постави светски рекорд (ВИДЕО)

Алфред „Ал“ Бласке од Тексас ја врати титулата „најстар падобранец на светот“ откако скокна од авион на 106 години и 327 дена.

Тој за прв пат влезе во Гинисовата книга во 2020 година, кога скокна од 4.260 метри за да го прослави дипломирањето на своите внуци. Тој тогаш имал 103 години.

„Тоа беше мојот сон. Никогаш не мислев дека ќе живеам толку долго“, изјавил Блашке.

Интересно, тоа бил неговиот втор скок со падобран досега, а првпат се осмели на својот 100-ти роденден, пренесува UPI.com.

За потсетување, неговиот рекорд го собори Дороти Хофнер (104) од Чикаго, која почина малку подоцна во дом за стари лица.

Претходно, титулата „најстар падобранец“ ѝ припаѓаше на Швеѓанката Рут Линеа Ингегард Ларсон, која скокна на 103 години и 259 дена.

"Ако мислите дека не можете, се потценувате. Сите се поспособни отколку што мислат. Само треба да донесат одлука да се обидат", изјави Блашеке по новиот рекорд.

Бекам се пофали со ново хоби, фановите воодушевени: И кокошките ти се убави (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали со своето ново хоби на Инстаграм и ги насмеа обожавателите.

Поранешниот фудбалер поставил кокошарник на својот имот вреден 7 милиони евра, каде живее со сопругата Викторија.

„Добро утро“, напиша тој заедно со видеото на кое се шета низ градината со кокошки и петел што го следат, што ги насмеа фановите.

Видеото собра дури 3,1 милион лајкови и бројни коментари.

„Дури и твоите кокошки изгледаат добро“, напишал еден фан, а многу фанови се согласија.

Инаку, Дејвид и Викторија почнаа да се занимаваат со органско земјоделство за време на пандемијата, а освен кокошки имаат и овци и произведуваат мед.

Богатството на кралот Чарлс III е зголемено за 10 милиони фунти, но премиерот Сунак е побогат

Личното богатство на британскиот крал Чарлс Трети се зголемило за десет милиони и сега изнесува вкупно 610 милиони фунти.

Како што објави „Дејлимејл“, кралот Чарлс Трети сега е побогат од неговата мајка кралицата Елизабета Втора, чиј личен имот бил проценет на 370 милиони евра.

Кралот, кој ја презеде функцијата пред неполни две години, моментално се наоѓа на 258. место на листата на најбогати луѓе во Велика Британија. Минатата година Чарлс III беше на 263-то место на оваа листа. Британскиот монарх го зголемил своето богатство благодарение на растот на вредноста на недвижниот имот што го поседува, а претходно ѝ припаѓаше на кралицата Елизабета Втора.

Списокот на имоти на кралот Чарлс III ги вклучува само неговите лични имоти, а не и оние што ги поседува кралското семејство. Потсетуваме дека британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година.

Таа на тронот помина 70 години и 214 дена. Таа е вториот монарх во светот со најдолго владеење во историјата по францускиот владетел Луј XIV, кој на тронот поминал 72 години и 110 дена.

Интересно е што кралот Чарлс не е најбогат меѓу јавните личности, односно оние кои се занимаваат со државни работи. Британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мути заработија нови 120 милиони фунти во последната година. Вредноста на нивното богатство се проценува на 651 милион фунти.

Шоу во тајванскиот парламент- пратеник го украде законот, сите го бркаат, снимката е хит(ВИДЕО)

Тајвански пратеник стана хит на социјалните мрежи откако се обиде да го спречи усвојувањето на закон на бизарен начин: го грабна законот и истрча од Претставничкиот дом.

Инцидентот се случил денеска, непосредно пред новоизбраниот претседател Лаи Чинг-те да ја преземе функцијата, пренесе Јутарњи лист.

Утринската седница веќе била напната, пратениците викаа и се туркаа, уште пред да се донесе законот. Ситуацијата ескалирала кога пратеникот, кој го добил прекарот „Бил бандит“ го грабнал законот и истрчал кон излезот, додека останатите го бркале.

Видеото споделено на социјалната мрежа Х, собра повеќе од девет милиони прегледи, а во коментарите има и шеги на сметка на пратеникот.

„Тој ги зеде работите во свои раце! Вакви ситуации гледаме само во филмовите“, напишал еден во коментар, додека други шпекулираат дека Тајван ги произведува повеќето компјутерски чипови во светот, но судејќи според видеото, можеби немаат фотокопири.

притисни ентер