Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови

Претседателот на Палестинската самоуправа (ПА) Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската армија во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Рафа моментално е дом на околу 1,45 милиони луѓе, од кои повеќето претходно беа раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте. Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа.

Палестинскиот претседател изрази загриженост поради присилното раселување на палестинското население од Западниот Брег под управа на ПА, откако израелската армија ќе „заврши со Газа“.

Тој нагласи дека ПА одбива да прифати етничко чистење на Палестинците од двете територии и додаде дека палестинската самоуправа бара да се прекине конфликтот и да се даде помош на населението.

Артета за шампионатот на Арсенал: „Во фудбалот секогаш има шанси“

Тренерот на Арсенал, Микел Артета по синоќешнаат победа над Манчестер јунајтед  во натпреварот од 37. коло на Премиер лигата, изрази надеж дека неговиот тим може да дојде до шампионскиот трофеј.

- Многу сме среќни со победата, особено со начинот на кој одигравме во вториот дел. Денеска влогот беше голем, исто како и на натпреварот со Тотенхем. Немаме простор за грешка, имаме големи тимови кои се натпреваруваат со нас кои ни ја отежнуваат задачата. Сакавме да ја отвориме вратата кон титулата, последното коло ќе се одржи пред нашите навивачи. Сега ни преостанува да го гледаме натпреварот помеѓу Манчестер сити и Тотенхем. Ќе ги следиме резултатите. Во фудбалот секогаш има шанси, изјави Артета за „Sky Sports“.

Арсенал е прв во поредокот во Премиер лигата со 86 бодови, еден бод повеќе од Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.

Во последното коло, на 19 мај „Топчиите“ го пречекуваат Евертон, додека Сити на домашен терен се среќава со Вест Хем. Во меѓувреме, на 14 мај, Манчестер сити му гостува на Тотенхем во заостанат натпревар од 34. коло.

Во Белград средба Вучиќ - Вархеји

  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград ќе има средба со комесарот на Европската унија за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Почетокот на средбата е најавен во 17:00 часот. По средбата, Вучиќ и Вархеји ќе одржат прес конференција.

Британскиот министер за одбрана изјави дека неговиот нов руски колега ќе биде марионета на Пути

Британскиот министер за одбрана, Грант Шапс изјави дека неговиот иден руски колега, Андреј Белоусов ќе биде марионета на Путин, јави ДПА.

Путин вчера го предложи економистот Белоусов - досега прв вицепремиер во владата, за нов министер за одбрана на местото на Сергеј Шојгу.

Иако се сметаше за близок до Путин, Шојгу привлече многу критики за начинот на кој руската војска се справува со Украина - повеќе од две години по почетокот на војната.

Шапс предвидува дека Белоусов ќе биде следната марионета на Путин.

-Под Шојгу, руската армија загуби повеќе од 355 илјади војници во Украина и предизвика масовно страдање на цивилното население за време на нејзината илегална кампања во Украина, додаде тој.

притисни ентер