Алфа: Пендаровски е ново жртвено јагне на СДСМ?!

Стево Пендаровски е ново жртвено јагне на СДСМ, објави телевизијата Алфа повикувајќи се на извори од Бихаќка.
По примерот на Макрадули, кој прв ја прифати ваквата губитничка улога во битката за татко на Скопје, Пендаровски е втор кој прифатил ваква непристојна понуда. Изворите велат дека, сепак, во СДСМ и кај нивните блиски има многу конкуренција дури и за пораз на претседателските избори, бидејќи анкетите покажуваат дека тоа е неминовност, за што се свесни и во самата партија.

Според Алфа, кампањата за претседателски избори, многумина ја гледаат како средство за лична промоција и буквално „вадење од мртвите“, чисто колку за да се актуелни некој одреден период, со што би си ја подобриле својата позиција во бизнисот и општеството. Според Алфа, во СДСМ, во истата игра биле вклучени и бизнисмените Гуштеров и Костовски, кои биле силно загреани за оваа примамлива можност за лична промоција.

Вакви типови на јавни личности, кои мислат дека „светот се врти околу нив“ и немаат доволна доза на самокритичност, има и во ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив е професор Јове Кекеновски, кој од петни жили, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ, се труди да се претстави во јавноста како кандидат на владејачката партија и да се наметне како таков. Тој дури на моменти глуми жртва, иако извори од таму и познавачи на состојбите велат дека како профил тој не би можел ни на сон да помине кај ниеден сериозен член на партијата.

Колку и да е драстична досегашната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, особено што владејачката партија не кокетира со никого, а опозициската со кого ќе стигне, според експертите не е лесно да се најде човек кој би прифатил да губи. За познавачите на состојбите на македонската политичка сцена, во СДСМ е очигледно дека таквите ликови ги има за извоз, заклучуваат од телевизијата.

Трамп и се закани на Турција : Подготвен сум набрзина да ја уништам турската економија

Американскиот претседател Доналд Трамп пред малку и се закани на Турција со санкции поради офанзивата во Сирија против американските сојузници , Курдите.

Трамп изјави дека наскоро ќе издаде извршна уредба за воведување санкции за сегашните и поранешни турски функционери кои придонесуваат за дестабилизација на Сирија.

Покрај тоа, тој додаде дека ќе ги зголеми тарифите за челик од Турција за 50 проценти и дека автоматски ќе ги прекине трговските разговори со Турција, во вредност од 100 милијарди долари.

„Подготвен сум брзо да ја уништам турската економија ако турските лидери продолжат со нивниот опасен и погубен план“, заклучи тој.

Тунис доби претседател со освоени над 72 проценти од гласовите

Професорот по Уставно право , Каис Сајкед е новиот претседател на Тунис , кој доби 72,71 % од гласовите во вториот круг на изборите во неделата.

Тој доби 2,77 милиони гласови , а еден милион гласови доби неговиот ривал, контроверзниот бизнисмен Набил Каруи, покажуваат резултатите од Институтот Иси.

Одѕивот на гласањето беше 55 проценти, соопшти Изи, повеќе отколку при првиот круг на 15 септември.

Каис Сајед (61), на тој начин станува официјално втор демократски избран претседател, наследувајќи го Бодиџи Каеда Есеби, кој почина на 82-годишна возраст на крајот на јули, неколку месеци пред крајот на мандатот.

Саид ќе положи заклетва до крајот на месецот, соопшти претседателството.

Тунижаните во неделата избраа нов претседател во вториот круг од изборите, во кој беше опфатен и Саид, речиси непознат професор по уставно право, без искуство во власта, и бизнисменот Набил Каруи, кој беше гонет за даночна измама и ослободен од затвор четири дена пред вториот изборен круг.

Ова беа втори директни претседателски избори од револуцијата во 2011 година.

Во првиот круг, одржан на 15 септември, сите поранешни високи функционери збришани од политичката сцена.

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт во тајна посета на Пакистан (ВИДЕО)

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт се во петдневна посета на Пакистан, но поради безбедносни причини , не се познати детали од посетата.

Британската кралска двојка пристигна во воената база во равалпинди , каде ги пшречека министерот за надворешни работи Мехмуд Куреши.

Покрај Исламабад, се очекува Вилијам и Кејт да го посетат Лахоре, стар главен град со богата архитектура и верско наследство.

Според британскиот амбасадор Томас Дру, парот ќе ги посети и планините на север, како и планините долж границата со Авганистан на запад.

Ова е прва посета на членовите на британското кралско семејство на Пакистан од 2006 година кога принцот Чарлс и сопругата Камила ја посетија земјата.

притисни ентер