Како што пишува In Touch Weekly, на актерот му „дошло преку глава“ и решил да се разведе од пејачката, а наводно веќе се иселил од куќата што ја делат. Ова го потврди извор близок до парот. „Готово е, тие се разведуваат, а овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, тврди инсајдерот.
Обожавателите претходно забележаа дека парот со недели не поминува време заедно. Актерот не беше на Мет Гала со неговата сопруга на 6 мај и покрај нејзината важна позиција како копретседавач на настанот.
Официјалното оправдување на Бен за неприсуството на Мет Гала беше дека бил зафатен со снимањето на Сметководител 2, но изворот на In Touch тврди дека тој одлучил да се разведе.
"Сега тој е фокусиран на работата и неговите деца. Бен веќе се исели и веројатно ќе ја продаде нивната куќа од соништата, која ја бараа цели две години. Тие никогаш нема да престанат да се сакаат, но таа не може да го контролира и тој не може да ја промени. Немаше шанси ова да потрае“, тврди изворот.
Парот, кој некогаш се забавуваше, но ја раскина свршувачката во 2003 година, а потоа се обедини речиси 20 години подоцна, претходно имаа проблеми во врската бидејќи се справуваа со славата на различни начини.
Џенифер многу подобро се справуваше со медиумското внимание, додека Бен секогаш бегаше од неа. Во документарниот филм The Greatest Love Story Never Told, пејачката откри и дека тешко се справуваат со вниманието на јавноста и дека таму мора да прават компромиси.
„Мислам дека на Бен не му е удобно да го правам ова, но не може да ме спречи“, рекла Џенифер. „Бен никогаш не сакал да ѝ ги уништи соништата на Џенифер или да ѝ каже дека не може да направи нешто за да ѝ помогне во кариерата, иако таа прилично го контролира“, тврди изворот.
„Тие чекаа речиси две децении за повторно да бидат заедно, но на крајот едноставно не им успеа“, додава изворот и продолжува: „Двајцата рекоа дека созреале и научиле од своите грешки, но некои од поголемите проблеми што ги предизвикале првиот пат кога се разделија, останаа исти“.
Инаку, познато е дека Лопез и Афлек почнаа да се забавуваат во 2002 година, а се верија подоцна истата година. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно. По неколку години разделени, Лопез и Афлек конечно се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.