Само еден час по затворање на гласачките кутии и првите неофицијални резултати, синоќа почна прославата на ВМРО-ДПМНЕ за победата на Гордана Силјановска Давкова во првиот круг од претседателските избори.. Со знамиња во раце, факели, зурли и тапани симпатизерите се веселеа пред седиштето на партијата, а откако беше и официјално потврдено дека предноста во гласовите е двојна пред кандидатот на СДСМ Пендаровски, им се придружија и Силјановска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски..
Целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ беше собрано во партиската зграда за да ги проследат заеднички резултатите од гласањето.. На прес конференција Силјановска кажа дека исходот за неа бил неверојатно инспиративен, се заблагодари на гласачите и рече дека во вториот круг очекува поддршка од сите кандидати.
„Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, напати дури се срамам зарем е можно толку луѓе вака да реагираат. Не мислам дека сум посебна од многу работи, само знам дека она што ќе го ветам ќе го остварам на мој начин. Во тоа ве уверувам, од првиот ден. Ова е крајот на првиот круг, доаѓа вториот круг. Јас ќе се однесувам со должна почит кон мојот противник и очекувам таков однос од негова страна.“
Потоа, прес конференција одржа и лидерто на партијата Христијан Мицкоски, придружуван од Силјановска и носителите на изборни листи, на која оцени дека вчерашната победа е најголема од позиција на опозиција и само најава за тоа што ќе се случи на 8 мај. Кажа и дека разговарал со Травари, но без конкренти детали за евентулна соработка..
„Пред да се обратам се слушнав со албанската опозиција со господинот Арбен Таравари му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија.“
Ден по прославата, од партијата велат дека продолжуваат со работа на терен, за вториот круг на 8 мај да заокружат двојна победа заедно со парламентарните избори.
„Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ. Граѓаните дадоа жолт картон на корумпираната власт, и црвен картон на политичките партии кои донесоа понижувања, национален срам и порази. Вчера се случи политичко цунами, кое ќе финализира на осми мај со уште поголема победа за ВМРО-ДПМНЕ и испраќање на СДС и ДУИ во опозиција. “
За разлика од сегашната двојна предност, на претходните избори во 2019 година, Силјановска и Пендаровски беа речиси изедначени во првиот круг.. Тогаш таа освои околу 318.000 гласови, 4.000 помалку од Пендаровски..