ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112, нема пожари на отворено

 Во последното деноноќие има вкупно 1,616 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици се 64,48 отсто.

Во последното деноноќие има вкупно 1,616 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици се 64,48 отсто, а 35,52 отсто се за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од реалните повици кон полиција се упатени 72,11 отсто, кон Итната медицинска помош 24,3, а кон пожарникарите 2,32 отсто, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Имало 842 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (1,20%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(35,52%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), соопштија од ЦУК.

Во последното деноноќие, како што велат, имаше евидентирани два пожара на отворен простор, гореа две депонии.

-Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струга од 16:00 до 17:00 часот со два пожарникара и едно противпожарно возило гаснеле запалена депонија кај „Еуро Хотел“ во Општина Струга, а РЦУК Тетово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово во изминатото деноноќие имале една помала интервенција на запалена депонија во Општина Тетово, прецизираат од ЦУК.

Четворица нови полски министри положија заклетва

Четворица нови министри денеска положија заклетва пред полскиот претседател Анджеј Дуда. Четворицата министри кои ги напуштаат функциите ќе бидат кандидати на изборите за Европскиот парламент.

Поранешната директорка на Националната уметничка галерија во Варшава „Зачета“ – Хана Врубљевска доаѓа на местото на министерот за култура Бартломеи Шенкевич.

На местото на Марчин Кервински министер за внатрешни работи доаѓа координаторот на разузнавачките служби, Томаш Шемониак, кој сега ќе ги комбинира двете места.

Јакуб Јаворовски ќе биде нов министер за државен имот, на местото на Борис Будка.

Министерствата за култура, внатрешни работи и државни средства се предводени од членови на партијата Граѓанска платформа на Туск.

Четвртиот министер – Кшиштоф Хетман, член на христијанско-конзервативната партија Трет пат, ќе биде заменет како министер за економски развој и технологија со Кшиштоф Пашик, кој моментално е лидер на парламентарната група на партијата.

Изборите за ЕП ќе се одржат од 6 до 9 јуни. /MИА

Правда: Словаците ги ценат придобивките од ЕУ, но не се грижат за европските избори и за Брисел

Словаците, пишува весникот, ги сакаат придобивките од ЕУ, но претставничките тела на ЕУ ги доживуваат како „злобниот Брисел“ кој им наредува.

Словаците ги ценат предностите на Европската унија, но изборите за Европскиот парламент не ги интересираат многу, а покрај кампањите, сличен тренд е забележлив кај сите членки на Европската унија и се заканува опасност да се зголеми силата на маргиналните партии и евроскептиците во ЕП, пишува словачкиот весник Правда.

„Иако членството во ЕУ овде (во Словачка) се гледа како нешто што се зема здраво за готово, а на политичката сцена никој, освен некои маргинални гласови, не го доведува во прашање, жителите на Словачка едвај обрнуваат внимание на изборите за претставничкото тело на ниво на ЕУ“, пишува весникот.

Во исто време, според Правда, овие избори премногу го поларизираа општеството, а слабиот одѕив се заканува дека партиите кои не победиле на национално ниво или се маргинални ќе влезат во Европскиот парламент, создавајќи „опасност од зголемување на евроскептичните гласови во ЕП“.

Весникот оценува дека Словаците можеби донекаде го научиле тоа, бидејќи излезноста на европските избори во таа земја во 2014 година била само 13,05 отсто, што е најниска во ЕУ на тие избори, додека во 2019 година сепак се искачи на 22,74 отсто.

Но, слаб е интересот и во ЕУ, пишува Правда, а на првите избори за ЕП во 1979 година излезноста беше речиси 62 отсто, а во 2019 година 50,95 отсто.

Словаците, пишува весникот, ги сакаат придобивките од ЕУ, но претставничките тела на ЕУ ги доживуваат како „злобниот Брисел“ кој им наредува.

„Далеку од тоа дека одлуките на ЕП се секогаш совршени, но во наши раце е да влијаеме. Дури и нашите претставници, во наша полза, ќе можат да кренат раце за или против мерките на Брисел“, пишува весникот.

Сепак, пишува Правда, „Словаците, едноставно кажано, немаат доверба во Брисел“.

„Словаците сè уште се само Европејци на хартија, но не и во нивните срца и умови“, наведува Правда. /МИА

После 30 години целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” со краците

После 30 години целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” со нејзините краци. 

Обновата на оваа сообраќајница која имаше видливи оштетувања беше големо барање од жителите од овој дел на општината кои се жалеа на лошите сообраќајни услови и за возилата и за пешаците и претставува целосно исполнување на ветувањето што им го даде градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Обновата низ целата Кисела Вода која досега опфати преку 50 км улици и патишта не запира. Улицата ,,Марко Орешковиќ” која сега е комплетно реконструирана, во минатото беше сообраќајница која имаше големи оштетувања кои го отежнуваа движењето и за пешаците и за возилата, но и покрај тоа, не била реконструирана над три децении.

Зафатот се одвиваше на потегот од улицата ,,Мариовска”, опфаќајќи ја улицата ,,Марко Орешковиќ” и нејзините краци. Улицата добива и паркинг простор за уште поголемо олеснување на сообраќајот. Во овој дел од општината живеат околу 800 лица кои до поранешните раководства на Општината, цели три децении упатувале барања за реконструктивни активности, но за жал, досега не наишле на позитивен одговор. Тоа денес е минато. Она што од мене им беше ветено, денес е реализирано во целост! И овде не застануваме. Продолжуваме со градежните активности низ сите населби и населени места за да бидеме уште еден чекор до целта - до крајот на мојот мандат, а и многу порано од тоа, Кисела Вода да нема неасфалтирана улица! Мојот народ заслужува-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

притисни ентер