Ден на македонската дипломатија - 55 години од основањето на МНР

 Во Министерството за надворешни работи денеска се одбележува 55 години од неговото постоење. 

По повод Денот на Министерството за надворешни работи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција, а вчера дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија со садење дрво пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот музеј на АСНОМ во Пелинце.

Македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство формирано во 1969 година. Република Македонија имаше свои дипломати кои работеа во југословенската дипломатија во Белград и во странство, како и во републичкиот орган за односи со странство. Во 1991 година овој орган прерасна во Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на надворешните работи и надворешната политика на Република Северна Македонија.

Една од најзначајните дипломатски активности на ова Министерство беше претседавањето со ОБСЕ кое ја одбележа изминатата 2023 година кога нашата држава беше домаќин на Самитот на ОБСЕ.

Фицо го оперираат во Банска Бистрица, хеликоптерот не можел да стигне до Братислава

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска е ранет во обид за атентат.

Со хеликоптер итно бил пренесен во Банска Бистрица каде ќе му биде извршена итна операција.

На објавената фотографија може да се види како Фицо покриен со бел чаршав на носилки и го внесуваат во болница.

Во соопштението на Владата е наведено дека животот на Фицо е во опасност.

Од итната служба претходно соопштија дека хеликоптерот немал време да стигне во болницата во Братислава поради тешката состојба во која бил премиерот и затоа е пренесен во болоницата во Банска Бистрица.

„Полските Малдиви“ и езерата со тиркизна вода

Љубителите на туризмот кои ја посетиле Полска сѐ почесто ги препорачуваат „Полските Малдиви“...

Се работи за природниот парк „Гродек“ на југот од земјата, со две езера полни со вода во тиркизна боја, и дрвен мост - поради сѐ тоа, местото изгледа како тропски рај.

Паркот се наоѓа близу градот Јавожно и во близина на Катовице, недалеку од јужната граница со Чешка и Словачка. Тука некогаш се наоѓал каменолом, а токму на тоа и двете тиркизни езера ја должат својата, според многумина - неодолива боја. Каменоломот работел повеќе од сто години, а бил затворен во 1990-тите. И покрај неговото постиндустриско потекло, паркот е богат со различни животински видови, ливади, мочуришта, шуми, а пејзажот можe да се следи од неколку патеки-шеталишта. Тиркизните езера коишто некогаш биле резервоари за вода за потребите на каменоломот, се нарекуваат Видра и Орка. Тие се главен хит меѓу посетителите.

Езерото Видра, со своето „дрвено“ шеталиште е веројатно најфотографираниот дел од паркот... Барем во потоплите делови од годината, кога Сонцето ја истакнува неговата тиркизна боја. Како што се истакнува, ова езеро не е „толку егзотично“ зиме и кога времето е облачно.

Орка, пак, е длабоко 18,5 метри и до него нема пристапи освен во костим за нуркање. Како езеро за каменолом, тука на дното сè уште има потонат брод и - два багери.

Меѓу недотатоците што посетителите ги наведуваат на интернет, е тоа што нема „понуди за освежување“, освен можеби само сладоледот што може да се купи на паркингот во екот на сезоната. До паркот „Гродек“ можете да се стигне со воз или автомобил.

Фото: Фејсбук

Новак Ѓоковиќ бил на преглед во Ургентниот центар во Белград

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ претпладнето бил на лекарски прегледи во Белград.

Како што пренесува „Информер“, Ѓоковиќ денеска околу десет часот наутро бил во Ургентниот центар, каде му била извршено скенирање на главата.

Во таа прилика, според истиот извор, Новак тајно бил примен во споменатата болница, каде биле извршени прегледи на главата, но не се знае какви се резултатите од прегледот.

Истиот извор наведува дека Новак бил расположен, па излегол да ги пречека вработените кои сакале да ја овековечат средбата со него со сувенир фотографија.

За потсетување, Новак се здоби со повреда на главата по мечот против Корентано Муте во Рим, кога додека даваше автограми, од трибините падна метално шише и го удри во главата.

притисни ентер