Десетмина Србинки и Албанки се уапсени во Швајцарија- ги фатиле во рација во клуб

За време на рацијата во клуб во Сенвалд, кантоналната полиција на Сент Гален уапсила 20 лица, меѓу кои и генералниот директор.

Апсењата се пријавени поради кршење на законот за странци и интеграција, пренесува швајцарскиот весник на албанскиот Le canton27.ch, повикувајќи се на извори од кантоналната полиција.

Албанскиот весник „Ле Кантон“ од кантоналната полиција дознава дека се уапсени жени на возраст од 25 до 53 години, државјанки на Србија и Албанија. Со уапсените ќе постапува јавното обвинителство во кантонот Сент Гален.

Меѓу уапсените се и двајца генерални директори на клубот, Србин (49) и Црногорец (48), кои се осомничени дека нелегално вработувале државјани на трети земји.

При претресот, полицијата уапсила седум жени и еден маж, кои се сомничат дека илегално влегле во Швајцарија и работеле без валидна работна дозвола. Сега е потребно дополнително да се разјасни какви услуги давале пејачките и танчерките во клубот, изјавил портпаролот на полицијата за новинската агенција Keystone-SDA, пренесува Le Canton27.ch.

Да потсетиме, швајцарската полиција пред две недели спроведе слична акција во 13 локали и ноќни клубови во Цирих, при што беа приведени 47 лица, меѓу кои и албански пејачи. Полицијата запленила пиштоли, муниција и бејзбол палка.

Македонскиот атлетичар Вандевски собори државен рекорд од 1975

Македонскиот атлетичар Леонид Вандевски го собори националниот рекорд во дисциплината 2.000 метри стиплчес на меѓународен митинг кој изминатиот викенд се одржа во германскиот град Пилхаузен.

Вандевски заврши осмопласиран, истрчувајќи ја патеката со време од 6:00.49 со што го собори претходниот рекорд на Нехат Алуи (6:16.4) од далечната 1975 година.

Нов македонски рекорд изминатиот викенд постигна и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри со пречки.

Стојоски на меѓународниот митинг во словенечки Марибор, Словенија ја истрча делницата со време од 53.65. Претходниот рекорд (55.11) датираше од 1980 година и беше во сопственост на Бранко Илиевски. /MИА

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОЈО: Жител на Мелница имал три полуавтоматски пиштоли без дозвола

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер