Дневен хороскоп за 27. април 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 27. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. Самците засега ќе останат осамени.

Кариера

Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка.

Здравје и совет

Трпение, спасение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка.

Кариера

На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте.

Здравје и совет

Малку пополека и обмислено.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат.

Кариера

Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби.

Здравје и совет

Би можеле да поместите планини.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа.

Кариера

Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите.

Здравје и совет

Во право сте целосно.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува.

Кариера

Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас.

Кариера

Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат.

Здравје и совет

Почастете се со нешто што го посакувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко.

Кариера

Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување.

Здравје и совет

Согледувајте ја реалноста.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце.

Кариера

Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите.

Здравје и совет

Ќе бидете прифатени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно.

Кариера

Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво.

Здравје и совет

Здрави сте и весели.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа.

Кариера

Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници.

Здравје и совет

Не може се да биде совршено.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри.

Кариера

Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете.

Здравје и совет

Не е забрането ако сакате да се опуштите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги.

Здравје и совет

Дишете длабоко.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер