Фото: Новак тренира на скали во центарот на Белград

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за продолжението на сезоната во Белград.

Додека во Мадрид неговите ривали Карлос Алкараз, Јаник Синер, Рафаел Надал се борат за трофејот на АТП Мастерсот 100 најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за продолжението на сезоната во Белград.

Лидерот во светскиот тенис планира да настапи на Мастерсот во Рим, а потоа и на Грен слемот Ролан Гарос во Париз.

Популарниот Ноле, е уловен како тренира во центарот на Белград во близина на бранковиот мост.

Најдобриот тенисер ги воодушеви минувачите кои застануваа да го гледаат како тренира на скалите кои водат од мостот до реката. Тој скока од почетокот кон врвот на скалите и тоа неколку серии.

Касемиро и Фернандеш би можеле да ја продолжат кариерата во Саудиска Арабија

Клубови од првенството на Саудиска Арабија покажуваат интерес за играчите на Манчестер јунајтед, Касемиро и Бруно Фернандеш, пишува „The Telegraph“.

Според британскиот медиум, претставниците на Касемиро веќе започнале преговори со клубовите од саудиската Про лига. Во Манчестер се подготвени да ја завршат зделката на почетокот на летниот преоден рок. Покрај тоа, клубот нема да инсистира на заминување на Бразилецот доколку тој изрази желба да продолжи да игра за „црвените ѓаволи“.

Во случајот со Фернандеш, раководството на Манчестер јунајтед е подготвено да преговара само доколку добие исклучителна понуда. Клубот го смета Португалецот за најважен играч на теренот.

Оваа сезона во Премиер лигата, 32-годишниот Касемиро настапи на 23 натпревари, на кои постигна еден гол и имаше две асистенции. Актуелниот договор на Бразилецот е со важност до летото 2026 година.

Дваесет и деветгодишниот Фернандеш има одиграно 33 натпревари во англиското првенство, на кои успеа да постигне десет гола и седум асистенции. Договорот на Португалецот со „црвените ѓаволи“ е до крајот на сезоната 2025/26.

ВРЕДИ: Изборните манипулации на ДУИ потврдени од ДИК

Вчера со одлука на Државната изборна комисија уште еднаш се докажа дека Европскиот фронт предводен од Демократската унија за интеграција нема капацитет и кредибилитет да спроведе слободни, фер и демократски избори. 

Државната изборна комисија постапувајќи врз основа на приговорите на Коалицијата ВЛЕН поднесени за некои избирачки места во 6-та изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за 7 избирачки места, при што во 4 од нив се констатирани неправилност и тоа: во избирачко место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите кои го искористиле своето право на глас, во Избирачко Место 0387Гостивар и избирачко место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт.

Таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владењето, незаконски ја нарушил и искривилволјата на граѓанинот, спроведувајќи го „бугарскиот воз“ како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Ликово и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ. Замислете со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника. Тие се во паника не само што ќе си заминат во опозиција, туку и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, но и затоа што вчера, со отварање накутиите, се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власт, закани, уцени, притисоци и бугарскиот воз, се обиделе да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат.

Албанците на 8 мај ја добија слободата и денеска дишат слободно. ДУИ оди во опозиција и со користење на државниот апарат повеќе нема да може директно да влијае на изборниот резултат. Време е за одговорност, за влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата, ќе гарантира забрзан економски развој и европска интеграција.Нарушувачите на волјата на народот и изборниот резултат,ќе сносат одговорност и ќе одговараат пред органите на правдата.

Седуммесечно бебе починало во охридската болница „Свети Еразмо“, било донесено со тешки повреди

Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.

Полицијата денеска соопшти дека рано изутринава во 01:04 часот во СВР - Охрид било пријавено дека во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое вчера попладне околу 16 часот било донесено во болницата од неговата мајка.

Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција.

Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, додаваат од СВР - Охрид.

Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ побарала помош од повеќе лекари кои ја преупатувале до нивни колеги и други установи.

притисни ентер