Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

Утврдена кандидатската листа за член на Судскиот совет од Врховниот суд

За испразнетото место во Судскиот совет ќе се борат врховните судии Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, чија кандидатура предизвика жестока расправија на денешната седница на советот. 

Според дел од членовите, постои уставна пречка лимани да биде член поради нарушување на правичната застапеност во судскиот совет.

Трајан Ангелоски панелист на Економскиот форум во Јахорина

„Економскиот форум Јахорина“ е водечки регионален настан од областа на економијата.

На седмиот „Економски форум Јахорина“ на тема „Западен Балкан - долгорочни развојни насоки“ од 14 до 16 мај 2024 година, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-дин Трајан Ангелоски денес учествуваше на првиот панел "Еден регион, еден пазар".

„Економскиот форум Јахорина“ е водечки регионален настан од областа на економијата, кој од 2016 година собира врвни експерти, носители на одлуки и бизнис лидери - шефови на држави, министри, претставници на државни институции од целиот регион, успешни бизнисмени на меѓународни и регионални компании, реномирани научници, кои преку дискусија доаѓаат до релевантни заклучоци како да се подобрат јавните политики, економијата во регионот.

Ангелоски како сопственик на реномирана регионална групација од машинската индустрија која долги години работи на меѓународните пазари и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација посочи на панелот: "Веруваме дека заедничкиот регионален пазар ќе обезбеди развој на регионалните индустрии и ќе привлече глобални инвеститори. Заедничкиот регионален пазар ќе може да има корист од зголемените можности генерирани од слободното движење на стоки, услуги, луѓе и капитал во регионот, според тоа, претставниците на приватниот сектор, особено Стопанските комори, играат клучна улога во спроведувањето на акциониот план за заеднички регионален пазар. ЕУ останува клучен партнер за Западен Балкан во спроведувањето на овој амбициозен и трансформативен акциски план, бидејќи силниот и просперитетен Западен Балкан претставува неизоставен придонес кон европската економија и безбедност и помага во обликувањето на иднината на нашиот заеднички континент".

"Јахорина економски форум" прерасна во деловен состанок посветен на анализа и дискусија за клучните економски предизвици и можности кои го обликуваат регионот. Организиран со поддршка од највисоките институции, Форумот се издвојува како клучен генератор на идеи и препораки за подобрување на економската политика,визионерите и клучните носители на одлуки за да ја обликуваат заедничката иднина на регионот.

Сојуз на Стопански комори на Македонија

Видео: Словачкиот премиер Роберт Фицо ранет во пукање по состанок на Владата

Словачкиот премиер Роберт Фицо е повреден во пукање по седница на Владата, јави новинската агенција ТАСР.

Агенцијата го цитираше потпретседателот на Парламентот, Лубос Блаха, дека Фицо бил застрелан и повреден.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување.

Словачката телевизија ТА3 објави дека биле испукани четири куршуми, при што еден го погодил Фицо во стомакот. /МИА

притисни ентер