Грчките медиуми за двојните избори во Македонија: Триумф на ВМРО-ДПМНЕ

Вчерашните двојни избори во Македонија и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, утрово е една од главните теми во грчките медиуми.

Вчерашните двојни избори во Македонија и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, утрово е една од главните теми во грчките медиуми, кои ги пренесуваат резултатите, коментираат дека станува збор за голем триумф, посочуваат дека земјата првпат во историјата ќе добие жена претседател, но и анализираат што доаѓањето на власт на опозициската партија ќе значи за односите со Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

„Триумф на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори во Македонија“; „Двојна победа на националистите во Македонија“; „Македонија: Триумф на десничарската ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори“; „Промена на политичката сцена во Македонија“; „Целосна доминација на ВМРО на двојните избори“; „Избори во Македонија: Голема победа на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ“, се дел од насловите во онлајн изданијата на медиумите во Грција, кои уште од доцна синоќа ги следеа резултатите од двојните избори.

Рано утрово текстот за изборите во Македонија под наслов „Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори во Македонија“ е меѓу трите топ теми на официјалниот сајт на грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во весникот „Та неа“ централната тема на насловната страница на денешнпто издание е текстот со наслов „Избори во Македонија. Што носи двојната победа на националистите“, а и на насловната страница на весникот „Катимерини“, една од централните теми се изборите кај нас под наслов „Загриженост за доминацијата на националистите во Скопје“.

Телевизијата „Стар“, од друга страна, во синоќешното централно издание на вестите имаше директно вклучување од Скопје, поконкретно од штабот на ВМРО-ДПМНЕ за да се пренесе атмосферата.

Весникот „Катимерини“ во текстот-анализа посветен на изборите, на почетокот пишува дека „доминацијата на националистичката ВМРО на изборите во Македонија предизвикува загриженост за последиците врз односите на Скопје со Софија и Атина, иако аналитичарите сметаат дека Договорот од Преспа нема да биде оспорен“.

Коментира дека „историската националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ“ се враќа на власт по седум години, откако извојува убедлива победа над социјалистите, „кои претрпеа голем пораз на вчерашните избори“.

-Прашањето – што заедно со победата за раководството на ВМРО – го поставија изборите во средата е дали сегашната партија се развила во централно десничарска проевропска политичка организација или ќе продолжи по патот на национал-популизмот и авторитарното владеење што го одреди сега пребегнатиот поранешен лидер и премиер во период од една деценија, Никола Груевски, пишува весникот.

Додава дека за тоа каква ќе биде политиката на Владата на Мицкоски, „ќе се покаже од приоритетите што ќе ги постави“, а оние кои се во заминување „зад себе оставаат земја заглавена во корупција и непотизам, но и два меѓудржавни договори, со Грција и Бугарија, кои НАТО и ЕУ ги поздравија, но ВМРО како опозиција беше против“.

Во опширната анализа, весникот се осврнува и на ставот на Грција во однос на промената на власта кај нас, коментирајќи дека „за Атина не претставува гром од ведро небо“, посочува дека иако и Силјановска и Мицкоски „континуирано се закануваа дека нема да го спроведуваат Договорот од Преспа и дека ќе одбијат да ја користат географската одредница, во Атина постои став на исчекување на сите официјалните настани што ќе следат“.

-Меѓутоа, во случај да се остварат заканите за јавна употреба на терминот „Македонија“ наместо на правилниот „Македонија“, тогаш Атина ќе реагира, првично на соодветен начин, преку демарши, пред да продолжи со понатамошни потези. За потсетување, веќе постоеше реакција од Атина поради фактот што три месеци по завршувањето на преодниот рок (23 февруари) за замена на јавните документи во земјата (патни исправи, материјал од јавната администрација, лични карти, возачки дозволи, и сл.) со законските кои го наведуваат националното и меѓународно признатото име на државата, односно Република Македонија, процесот се одвива со бавно темпо, пишува „Катимерини“.

Државната новинска агенција АНА-МПА, во текстот преземен од речиси сите онлајн изданија на медиумите, ги објавува резултатите, како од парламентарните, така и од претседателските избори, распоредот на силите во Собранието.

-Мицкоски најави дека во следните денови ќе започне преговори со опозициската албанска коалиција „Вреди“ за формирање Влада, а паралелно ја отфрли можноста за постизборна соработка со ДУИ, кое во изминатите 20 години учествуваше во сите коалициски влади во земјата, пишува АНА-МПА.

Во однос на претседателските избори, посочува дека Силијановска е „првата жена што ќе стане претседател на државата во историјата на земјата“.

Дописникот од Скопје на државната телевизија ЕРТ, рано утрово информираше за резултатите од изборите и распоредот на пратеничките мандати во Собранието, објаснувајќи дека ќе биде потребно да се формира коалициска Влада.

-Од денеска се менува политичката сцена во Македонија, коментираше новинарот, осврнувајќи се на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Договорот од Преспа и додаде дека Атина чека да види каква ќе биде позицијата на новата Влада по ова прашање.

Новинарка од грчката телевизија „Стар“ која во живо се вклучи од Скопје, во синоќешните вести коментираше дека „градот и атмосферата се како веќе подолго време да беа подготвени, знаат дека Силјановска ќе биде новата претседателка“ и се осврна на употребата на терминот „Северна Македонија“.

- Политичките аналитичари, велат дека веројатно е да постои политички пресврт, бидејќи едно се кажува пред да се дојде на власт, друго кога ќе се дојде на власт. Од моментот кога Скопје, Македонија имаат отворен фронт и со Бугарија, бидејќи и од таму постои голем проблем, бараат признавање на бугарско малцинство во земјата, не е во интерес на Скопје и на госпоѓа Силјановска да отвори уште еден фронт со Грција за прашањето за името, истакна новинарката.

Во Грција, засега, не постои официјална реакција или изјава за резултатите од вчерашните избори кај нас.

Дневен хороскоп за 20. мај 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 20. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денот е добар за неврзани разговори на кафе. Односите кои лесно ќе ги воспоставувате главно ќе бидат површни.

Кариера

Некој би можел да ве прогласи за бескорисен . Ваше е да размислите за сопствената ефикасност.

Здравје и совет

Не правете нешто за што подоцна ќе се каете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

на осамените ќе им биде жал што не мораат на работа , зашто се свесни дека таму има некој што им се допаѓа. Другите ќе уживаат.

Кариера

Главно ќе се занимавате со деловни идеи и размислувања без конкретни активности.

Здравје и совет

Одете таму каде што се чувствувате добро.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за дружење и проширување на хоризонтите. Ќе се збогатите со нови лица и свежи идеи.

Кариера

Само оние кои работат со луѓе , ќе ги исполнуваат со радост своите обврски. Другите ќе одмораат.

Здравје и совет

Подобрување.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Оние во врска веројатно слободното време ќе го поминуваат дома занимавајќи се со уредување на просторот. Ќе работите заедно со партнерот.

Кариера

Малите работни обврски повторно излегоа на виделина , а за големите ќе треба дополнителни договарања и трпение.

Здравје и совет

Не треба да брзате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е многу ветувачки ден , во кој ќе имате големи изгледи за секаков вид дружење , познанаства , пријателства и љубов.

Кариера

Не се нервирајте доколку на работното емсто не ви оди се совршено. Работите полека ќе си дојдат на свое место.

Здравје и совет

Имате право на уживање.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Уште малку ќе се двоумите дали треба да попуштите , а тогаш ќе сфатите дека љубовта ви е поважна од тврдоглавоста.

Кариера

Ќе ви се чини кајко да не познавате некои од луѓето со кои работите , па ќе се потрудите да ги придобиете.

Здравје и совет

Бидете упорни.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Опуштениот и пријателски пристап кон лицата од спротивниот пол , сигурно ќе ви донесе дополнителни поени.

Кариера

Денот е добар за неформални работи , па ќе се занимавате со таквите обврски. Хонорарно ангажираните ќе имаат доста работа.

Здравје и совет

Уживајте во добро друштво.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Секој ваш потег ќе биде внимателно набљудуван , ислушан , забележан. Затоа внимавајте како се однесувате, другата страна е сериозна.

Кариера

Доколку сте ќекале легализација на некои документи , има шанси тоа да се оствари. Некои ќе добијат службена потврда за својата работа.

Здравје и совет

Консумирајте течности.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе попуштат кочниците кон другата страна и ќе ви се отвори лесен пат до остварување на желбите. Некои ќе освојуваат со леснотија.

Кариера

Оние кои работат со муштерии , ќе функционираат одлично.Оние кои не работат, ќе им се јавуваат на пријателите.

Здравје и совет

Забавувајте се во пријатно друштво.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денот е добар за заеднички разговори и уживање. особено омилени теми ќе ви бидат оние поврзани со егзотика.

Кариера

Како да немате потреба за пауза , па ќе продолжите со поврзување со колегите кои живеат многу далеку.

Здравје и совет

Се чувствувате добро.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние во врска , ќе си го обогатат својот однос без премногу зборови. Така ќе добијат на интимност. Осамените нека излегуваат.

Кариера

Можно е дека ќе чувствувате потреба за мал одмор , па накусо ќе се повлечете и ќе работите од сенка.

Здравје и совет

Одморајте се кога и да можете.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во неформалните дружби ќе бидете успешни , додека во посериозните односи ќе излезете како плашливец.

Кариера

Вашиот труд се уште не е препознаен или очигледен. Всушност се работи за нешто многу едноставно – треба да се потрудите.

Здравје и совет

Не се расправајте , туку делувајте.

Зошто не треба да ја перете облеката во машина на 30 или 40 степени

– Обратете внимание на следниве работи!

Ниските температури се погодни за развој на бактерии.

Неодамнешните истражувања открија дека ниските температури на водата во која се перат алиштата не само што не ги елиминираат бактериите, туку им овозможуваат да преживеат и дополнително да се развијат. Микробиолозите предупредуваат дека бактериите може да преживеат дури и ако телото има само 30 степени.

За да се намали ризикот од ширење бактерии преку облеката, експертите препорачуваат перење на алиштата на температура од најмалку 60 степени, особено кога се работи за детска облека, која е подложна на поголем ризик од инфекции.

Исто така, истражувањата покажале дека патиките, кои често се перат на пониски температури, може да содржат и до 10.000 микроорганизми кои преживуваат за време на перењето и остануваат во машината за перење.

Ова може да биде потенцијален извор на зараза за другите алишта што се перат во истата машина.

За да бидете сигурни дека бактериите се отстранети од машината за перење, експертите препорачуваат повремено да ја пуштите машината празна на најмалку 90 степени. Овој едноставен чекор може да ви помогне во одржувањето на хигиената и спречувањето инфекции преку облеката. Здравјето е важно, а правилната хигиена на облеката игра клучна улога во тоа.

притисни ентер