Халанд подготвува спектакуларен трансфер

Килијан Мбапе (25) на лето би требало да го напушти ПСЖ и да стане играч на Реал.

Според информациите на инсајдерот Фабрицио Романо, францускиот напаѓач ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона. Исто толку имаат и актуелните најголеми ѕвезди на Реал Џуд Белингем и Винисиус Жуниор.

Веќе неколку сезони Реал се води како главен и единствен реален кандидат за доведување на Мбапе од ПСЖ, а навивачите на Барселона чекаат да видат како нивниот клуб ќе одговори на ваков мега трансфер. „Мундо Депортиво“ тврди дека дознале за план со кој спортскиот директор Деко планира да му се закани на Реал.

Имено, каталонските медиуми тврдат дека Деко и Рафаела Пимиента, моќната менаџерка која ја наследи работата од Мина Раиола, се сретнале во Барселона за да разговараат за можното доаѓање на Халанд во шпанскиот клуб. Според Мундо Депортиво, Халанд моментално е фокусиран само на Манчестер Сити, но идејата за Барселона не му е одбивна во иднина.

„Норвежанецот би можел да ги шокира сите со одлука на лето“, велат Шпанците, кои тврдат дека Халанд може да го поттикне неговото заминување од Сити. Барселона го сака Халанд како замена за Роберт Левандовски, од кого сака да се ослободи бидејќи наскоро ќе наполни 37 години.

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ,за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Носителката на листа од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани. 

Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.

Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово - Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.

Олимпискиот оган го започна патувањето од Грција кон Франција за ЛОИ „Париз 2024“

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“.

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“, а на 8 мај се очекува да пристигне во Марсеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган за првпат ќе биде пренесен по морски пат, а според најавите, „Белем“ ќе го придржуваат 1.000 бродови.

Вчера, на церемонија на античкиот стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, онаму каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган им беше официјално и свечено предаден на организаторите на Летните олимписки игри „Париз 2024“.

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

Никогаш не смееме да заборавиме и да дозволиме да се повтори 27 ми април, најцрниот ден, најцрниот датум во историјата на македонската демократија.

Сликите и снимките од крвавите настани, за кои на овој начин денеска пред македонското собрание потсетуваме, нека останат паметник за тоа какви последици има од десничарскиот режим на ДПМНЕ.

Насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок.

А насилници никако не се уставобранители како што Мицкоски и Силјановска ги нарекуваат.

Најавите за нивно помилување се скандалозни и недозволиви и покажува дека ништо не е променето во ДПМНЕ.

Почитувани,

27 ми април е тежок, крвав потсетник колку лесно опасна власт може да ја втурне земјата во провалија.

Не смееме да заборавиме и не смееме да се откажеме од борбата за слобода, демократија, правда и правичност.

СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај.

Глас на 8 ми мај за СДСМ и коалицијата е глас за слободна, демократска и европска држава.

Изјава за медиуми, Оливер Спасовски носител на ИЕ2

СДСМ

притисни ентер