Иран воведе санкции за поединци и правни субјекти од САД и Велика Британија

Иран воведе санкции за неколку американски и британски физички и правни лица поради нивната поддршка за Израел во војната против палестинската организација Хамас во Појасот Газа, јавија француските медиуми.

Во соопштение Исламската Република - жесток непријател на Израел – наведува дека воведува санкции за седум американски граѓани, вклучувајќи го генералот Брајан Фентон, шеф на командата за специјални операции, и вицеадмиралот Бред Купер, поранешниот шеф на американската морнарица на Блискиот Исток.

Меѓу британските функционери и институции кои се санкционирани се министерот за одбрана Грант Шапс и Кралската морнарица во Црвеното Море.

Санкции се воведени и за американските компании „Локид Мартин“ и „Шеврон“, како и за британските „Елбит системи“, „Паркер Мегит„ и „Рафаел УК“.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека санкциите вклучуваат „блокирање на сметките и трансакциите во финансискиот и банкарски систем на Иран, замрзнување на средства под јурисдикција на Исламската Република Иран и забрана за визи и влез на иранска територија“.

Меѓутоа, останува нејасно влијанието на овие мерки врз поединците или субјектите, како и какви било средства или трансакции со Иран, пренесуваат француските медиуми.

Иран не ја признава државата Израел и ја стави поддршката за палестинската кауза како камен-темелник на својата надворешна политика од Исламската револуција во 1979 година.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, која започна на 7 октомври со неиспровоциран напад на палестинското исламистичко движење „Хамас“ на израелска територија, мнофукратно се кренати тензиите меѓу Израел, од една страна, и Иран и неговите сојузници, особено либанскиот „Хезболах“, од друга.

Ситуацијата меѓу двете земји ескалираше на 13 април кога Иран започна невиден напад врз Израел користејќи 350 дронови и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и другите сојузнички земји.

Неколку дена подоцна, во друг напад, што му се припишува на Израел, беше погоден аеродромот во Исфахан, во централен Иран, но таму беше предизвикана само ограничена штета. /МИА

Израел бара од ИЦЈ да го отфрли барањето на ЈАР за повлекување од Појасот Газа

Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“.

Израел денеска пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) ја бранеше офанзивата врз Рафа, истакнувајќи дека дејствува во самоодбрана против борците на Хамас и побара од судијата да го отфрлат барањето на Јужна Африка да се нареди повлекување од Појасот Газа.

Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“.

ЈАР вчера побара од ИЈЦ да му нареди на Израел да ја прекине воената операција во Појасот Газа и веднаш да ги повлече трупите од енклавата.

Пред сослушувањето на Израел десетици произраелски демонстранти протестираа пред ИЈЦ, покажувајќи фотографии на заложниците кои Хамас ги киднапира на 7 октомври минатата година и побараа нивно ослободување.

Фото: Манекенка во супер провокативен фустан

Најпровокативното издание на убавата манекенка: И ова е фустан?

Прославата на 60-тиот роденден на реномираниот магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“ се одржа во хотелот Хард Рок во Њујорк, а многу познати ѕвезди не ја пропуштија можноста гордо да продефилираат во своите комбинации.

Покрај русокосата Кејт Аптон, на листата на гости на елитната забава се најде уште едно име од светот на модната индустрија. Станува збор за манекенката Брукс Надер, која за оваа прилика облече провокативен фустан кој покажува повеќе од потребното.

Убавата Брук на забавата на магазинот без проблем одлучила да го покаже своето голо тело, фустанот посебно не можел да ги покрие нејзините бујни голи гради.

„Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

На 16ти мај, со големо задоволство и гордост „Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

Пред три децении, кога првично ја отворија својата прва продавница во населбата „Карпош 3“, со само 15 вработени, малкумина веруваа дека ќе бидат компанија каква што се денес, но, со упорност, посветеност и визија успеаа.

Визијата на нивната компанија е да бидат ланец на маркети во кои луѓето ќе препознаваат квалитет, искрен однос, ќе сакаат да купуваат и да работат.

Нивната мисија е да бидат дел од секојдневието на потрошувачите, како најдобар ланец маркети во Македонија кој им нуди најголема вредност на потрошувачите, секојдневно надминувајќи ги нивните очекувања.

Сега, по 30 години, се на пат да ја надминат својата визија. Станаа синоним за силна, професионална и одговорна македонска компанија. Нивното семејство расте, нивните услуги и продукти се прошируваат, а нивната посветеност кон своите потрошувачи е сѐ посилна и поголема.

Тинекс им благодари на сите вработени, пријатели и соработници кои со својата посветеност и умешност го изградија „Тинекс“ од самите негови почетоци.

притисни ентер