Јутјубер уништи McLaren Sennа, вреден над милион долари (ВИДЕО)

Еден од најдобрите хипер спортски автомобили не издржа долго во рацете на популарниот Јутјубер.

Едмонд Бресегијан, познат како Монди на Јутјуб, се судрил со својот Hummer EV минатата година веднаш по излегување од салонот, откако возел десет километри.

Тоа не го спречи да добие нов автомобил. Неодамна на тој начин купи Мекларен Сена, со опции кои чинат стотици илјади долари. Вреден повеќе од милион долари, но и наменет за оние со возачки вештини и здрав разум, овој автомобил однапред беше осуден на брз крај.

McLaren Senna Crashes in LA
byu/slattdemon99 inmclaren

А тоа се случи неодамна во Лос Анџелес, кога Монди решил уште еднаш да ги покаже своите возачки способности. Секако, тој не успеа да ја контролира траекторијата на возилото и по кратко време со изгорени гуми, слета од патот и влезе во застапништвото на Lexus. И тоа беше крајот за првиот примерок на Сена кој пристигна во Америка.

Во Охрид почина деветмесечно бебе: Било донесено во неконтактибилна состојба

Деветмесечно бебе почина во општата болница во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. Бебето претходно со итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба, вели Димоски.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукција.

Ова е втора трагедија во Охрид последните неколку дена... Во вторникот во специјализираната болница „Свети Еразмо“ почина и седуммесечно бебе од Вевчани, кое било донесено со хематом на главата и потврдено мозочно крварење, по пад од импровизиран кревет во домот на семејството.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

притисни ентер