Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата, нема откажување

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Аеродром порача дека ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе ги убие ЕУ перспективите. 

ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата во недоглед, тие немаат ниту план, ниту се доследни во остварување на стратешките цели. Тоа го правеше и Груевски, тие само ќе продолжат кај што застана тој. Оваа земја нема да се помести ни милиметар напред со ВМРО. Ќе глумат дека работат, а во реалноста нема ништо да се менува. Сме го виделе тоа со Груевски, знаеме како изгледа. Не сакаме само лоша реприза на неговото владеење, нагласи Ковачевски.

Ковачевски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да ја дадат довербата за Пендаровски и за СДСМ бидејќи силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата!

Основната цел на нашата програма е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што знаеме дека само на тој начин може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство, порача Ковачевски.

Ковачевски во своето обраќање пред граѓаните на Аеродром истакна дека СДСМ е единствената политичка партија која никогаш нема да се откаже од инклузијата и која константно придонесува мултиетничкиот карактер на Македонија.

Но, деновиве, за жал, слушам опасни наративи кои може лесно да разгорат меѓуетничка нетрпеливост. Лидерите на ВМРО и на ДУИ се однесуваат во најмала рака неодговорно и кон државата и кон граѓаните. Им порачувам на Мицкоски и на Ахмети – граѓаните се свесни за вредноста на мирот и стабилноста што ги гради СДСМ, граѓаните знаат дека на сите нѝ треба европска иднина, а не враќање 20 години во минатото. Престанете да се препукувате со штетни скандирања и закани, кои никому не носат добро. Ние нема да ви дозволиме да си играте со европската иднина на нашите деца! Граѓаните нема да ви дозволат да се коцкате со нивната иднина, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Аеродром, се наведува во партиското соопштение.

МВР: Ќе се преземат соодветни мерки за дислоцирање на реквизитите за забавен парк во Каропш

 Надлежни институции, постапувајќи по допрен глас дека се поставуваат реквизити за забавен парк без соодвети дозволи и документација на локација во општина Карпош, вчера излегле на терен. 

По направениот увид се најавуваат конкретни мерки во насока на отстранување на неправилностите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите.

-Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, на 20 мај 2024 година единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања, информираат денеска од МВР.

Оттаму појаснуваат дека од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се записници за констатирана состојба, додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности.

По ова велат од МВР, ќе бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на неправилностите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите.

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете.

Проверете. Размислете. Пријавете.“ е насловот на кампањата која ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во почетокот на 2024 година потпиша Меморандум за разбирање со Фондацијата Амбер Алерт Европа и со тоа и нашето Министерство и држава се дел од ова кампања и систем за случаи поврзани со исчезнати деца, информираат денеска од МВР.

За Меѓународниот ден на исчезнати деца, Амбер Алерт Европа, Европскиот центар за исчезнати деца почна со кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“, велат од МВР и додаваат дека оваа иницијатива насочена кон родителите и негувателите, овозможува сеопфатни совети „чекор-по-чекор“ што да прават во случај на исчезнато дете.

-Кампањата ќе почне заеднички во 16 земји, од министерствата за внатрешни работи, националните полиции и водечките непрофитни организации посветени на заштита на децата. Името на кампањата го дефинира нејзиниот основен совет: „Проверете“ за да го потврдите отсуството на детето. „Размислете“ за да се потсетите на најважните детали и да ја процените ситуацијата и „Пријавете“ за да ги алармирате надлежните итно, појаснуваат од МВР.

Годишно, се вели во соопштението, илјадници семејства ширум светот ја доживуваат траумата од исчезнато дете. Во такви моменти, информираноста какви чекори да се преземат е многу важна.

Препознавајќи ја оваа потреба, Амбер Алерт Европа соработуваше со експерти од областа на исчезнати личности за да ја развие кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“.

-Секоја година, 300.000 деца исчезнуваат во Европа. Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“ е клучна пресвртница во нашите постојани напори да ги заштитиме децата и да ги поддржиме семејствата во време на такви кризни ситуации, вели Френк Хоен, претседател и основач на Амбер Алерт Европа и додава дека целта е да се подобри времето на реакција и да се зголемат шансите за безбедно и брзо повторно обединување на исчезнатите деца со нивните сакани и најблиски.

Кампањата „Проверете. Размислете. Пријавате“ ќе биде споделена во Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешката Република, Италија, Литванија, Малта, Холандија, Република Македонија, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија и Обединетото Кралство.

Повеќе информации за кампањата и совети за реагирање во случај на исчезнато дете погледнете на овој линк - https://www.amberalert.eu/check-think-report/mk

Амбер Алерт Европа, Европски центар за исчезнати деца е фондација која се стреми да ја унапреди заштитата на исчезнати деца и да превенира исчезнување на деца преку нивна едукација и создавање свест за темата на исчезнати деца и основните причини за нивно исчезнување. Амбер Алерт Европа поврзува експерти од над 45 владини организации, попрецизно министерства за внатрешни работи и полиции и невладини организации од 28 земји со крајна мисија нула исчезнати деца во Европа.

„Гответе со Дракче“ - Пилешки крилца во соја сос

Во понеделник  (21.05.2024) во емисијата гостин ни беше Раде Рогожаров.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешки крилца

100 мл. вода

1 лажица сода бикарбона

2 лажици шеќер

2 лажици масло за јадење

1 лажица црвен пипер

1 лажица соја сос

3 чешниња лук

малку сол, бибер и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер