Кристијано Роналдо летово се враќа во Европа преку шокантен трансфер?

Кристијано Роналдо може ненадејно да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа ова лето.

Ова е веста која денеска ја објави саудискиот новинар Алхаза Мутаб. Тој наведува дека Баер Леверкузен, клуб кој е апсолутна сензација во оваа фудбалска сезона, сака да го доведе Роналдо. Тоа би бил шокантен трансфер, апсолутно неочекуван со оглед на сите околности околу Роналдо, но и фактот дека Леверкузен претпочита поевтини и многу помлади играчи.

Претходно истиот новинар напиша дека Роналдо би можел да се врати во Португалија, неговата татковина, каде што ја започна својата голема кариера како фудбалер на Спортинг Лисабон. Сепак, тоа нема да се случи, пишува Мутаб дека Роналдо бил заинтересиран за враќање, но Спортинг имал други планови.

Португалецот во моментов игра многу неуспешна сезона со Ал Наср, поради што е на удар на тамошната јавност и медиумите и затоа е незадоволен и бара излез. Да потсетиме, Роналдо и соиграчите неодамна загубија во полуфиналето на Суперкупот од најголемиот ривал Ал Хилал и во првенството заостануваат 12 бода зад истиот тим.

Да потсетиме, Роналдо во декември 2022 година потпиша договор со Ал Наср на две и пол години, а неговата годишна плата е околу 200 милиони евра, а во таа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот. Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо во текот на договорот треба да заработи половина милијарда евра.

Ирански имам бил жив еден час по несреќата- се обидувал да го сласи претседателот

Еден од патниците на хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, Ебрахим Раиси при падот на леталото во северозападниот дел на Иран, по несреќата сè уште бил жив околу еден час и се обидувал да повика помош.

Според извештаите на медиумите, имамот Мохамед Али Ал-Хашем од Табриз живеел цел час по несреќата и се обидувал да стапи во контакт со канцеларијата на претседателот Раиси, рече Мохамад Нами.

„Не беа потребни ДНК тестови за да се идентификуваат патниците“, вели Нами.

Во хеликоптерската несреќа загинаа вкупно девет лица, вклучително и екипажот на летот.

Близначки си ги замениле работните места- ги фатиле поради наивна грешка (ВИДЕО)

Тиктокерката Ари Шанс се најде во неволја по нередот што го направила на работа.

Инаку, таа е многу активна на социјалните мрежи каде открива детали од приватниот живот кои ги споделува со нејзината сестра близначка Ное.

Ари наводно решила да земе слободен ден, без одобрение, а нејзината сестра тргнала на работа.

Можеби сѐ ќе поминело без проблем доколку Ное не направи наивна грешка. Таа на мрежите ги објавила деталите за „измамата“, што не му избегало на газдата.

Како одговор, пристигнал лут мејл, пренесува New York Post.

„Да бидам јасен. Вашата одлука да ја вработите вашата сестра близначка како замена, откако вашето барање за отсуство беше одбиено, е целосно неприфатлива. Тоа е шлаканица за вашите колеги кои ги почитуваат правилата и за компанијата што ве вработи“, напишал менаџерот.

Потоа додаде:

„Овие постапки не само што лошо се одразуваат на вас, туку и ја нарушуваат репутацијата на компанијата. Ова ниво на непочитување на протоколот и пристојноста е шокантно и нема да се толерира“.

Шефот побарал од Ари да се извини, да понуди објаснување и да објасни како ќе ја поправи грешката.

Тој посочил дека секој следен случај на недолично однесување ќе доведе до сериозни последици, „вклучувајќи и дисциплински мерки“.

„Очекувам да ме контактирате за да го решиме ова огромно нарушување на довербата и професионализмот“, заклучил менаџерот.

@chance_twins WE MESSED UP 🥲🥲🥲🥲 @Chance Twins #fyp #twins #boss #work #greenscreen ♬ I Can Do It With a Broken Heart - Taylor Swift

Корисниците различно реагираа на приказната. Некои веруваа дека шефот „емотивно реагирал“, а имало и такви кои се сомневаат дека мејлот е автентичен.

МВР: Врховен судија е фатен со 10.000 евра мито, неофицијално тоа е Наќе Георгиев

Судија на Врховниот суд денеска е приведен откако бил фатен со 10 илјади евра... Случајот го потврдија од МВР.

Денеска е лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Примање награда за против законито влијание".

Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител. – велат од МВР... Според информациите во дел од медиумите, станува збор за судијата Наќе Георгиев кој ветувал олеснителни околности за поранешен функционер.

притисни ентер