Лопетеги го менува Пиоли во Милан

Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.

Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.

Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.

Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон.

Променливо време со дожд и во наредните денови

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. 

Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до три, а масималната денвна ќе достигне 26 степени.

Трагедија во САД: Двајца млади скијачи настрадаа во лавина на планината Лоун Пик во Јута

Двајца скијачи загинаа, а еден е спасен од лавина на планината Лоун Пик во американската сојузна држава Јута, изјави шерифот на округот Солт Лејк Сити, Рози Ривиера.

Таа рече дека спасувачкиот хеликоптер спасил еден од скијачите кој успеал да се извлече од снегот по вчерашната лавина, пренесува АП.

Мажите кои загинале биле на возраст од 23 и 32 години.

Во САД годишно умираат околу 30 луѓе во лавини, според АП.

Ливерпул подготвен да се раздели со Нуњез за 85 милиони евра

 Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Дарвин Нуњез би можел ова лето да го напушти Ливерпул и да ја продолжи кариерата во Барселона.

Менаџерот Жорге Мендеш е во срцето на разговорите за заминување на Нуњез од Ливерпул, тврди денеска шпанскиот весник „Спорт“, повикувајќи се на блиските врски на популарниот фудбалски агент со Барселона и нејзиниот претседател, Жоан Лапорта.

Најавите за евентуално заминување на Уругваецот се интензивираа, откако 24-годишниот Нуњез ги избриша сите негови фотографии поврзани со Ливерпул од својот Инстаграм профил.

„Мендеш сака Дарвин да го напушти Ливерпул. Тој е фудбалер кој многу го цени и има други аспирации за него“, пишува „Спорт“.

Според весникот, управата на Ливерпул е подготвена да го продаде Уругваецот доколку добие понуда од најмалку 85 милиони евра.

„Неговата цена се зголеми во последните години и Ливерпул нема да го продаде за помалку од 85 милиони евра“, наведува шпанскиот весник.

притисни ентер