Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање

Израелски копнен напад врз градот Рафа на крајниот југ на Појасот Газа, каде што хуманитарните групи проценуваат дека се засолниле 1,2 милиони Палестинци, може да заврши со „крвопролевање“, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на X напиша дека напад врз Рафа може да има „страшни последици“.

- СЗО е длабоко загрижена дека целосната воена операција во Рафа може да доведе до крвопролевање и дополнително да го ослабне и онака кревкиот здравствен систем, напиша Гебрејесус.

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири ракети со долг дострел ATACMS испратени во Украина од САД и лансирани од Киев врз полуостровот Крим, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.

Сè уште не се познати обемот и влијанието на нападот на Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

Киев сè уште јавно не ги коментирал тврдењата на Русија.

Тројца повредени во руски напад врз Харков

Остатоци од соборени руски беспилотни летала рано утринава погодија цивилни цели во Харков, вториот по големина град во Украина, при што беа повредени три лица и предизвикаа пожар во деловна зграда.

Регионалниот гувернер Олех Синехубов на Телеграм информира дека 13-годишното дете и една жена се хоспитализирани. На друга жена и била укажана помош на лице место.

Службите за итни случаи го ставаат пожарот под контрола, додаде тој.

притисни ентер