Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводни воени злосторства.

„Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече обвинителот на Меѓународниот суд на правдата.

Судот бара налог за апсење и на лидерот на Хамас , Јахја Синвар.

Нетанјаху рече дека во последните денови три пати разговарал со Трамп

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во изминатите неколку дена трипати разговарал со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „за да го зајакне здравиот сојуз меѓу Израел и САД“.

- Тоа беа добри и многу важни разговори, рече Нетанјаху.

- Ги делиме истите ставови за иранската закана, со сите нејзини компоненти и опасноста што ја претставува. Гледаме и големи можности за Израел во областа на мирот и неговото проширување, како и во други области, додаде тој.

Гугл развива систем кој ќе ја преземе контролата над возилото доколку сте лош возач

„Google“ неодамна пријави патент за систем кој може да ги препознае „лошите“ возачи и да преземе мерки врз основа на нивното однесување зад воланот. 

Оваа технологија би следела различни параметри за возење, како брзина, забрзување, вртења и ненадејно сопирање, за да процени колку е безбеден возачот.

Развиен како дел од проектот „Waymo“, патентот опишува софтвер способен да ги анализира податоците за возењето, да идентификува „неправилно“ однесување и евентуално да преземе конкретни мерки. Врз основа на овие податоци, системот може да го предупреди возачот за опасни дејствија, како што е ненадејно менување лента без означување, па дури и да испрати предупредување до возилата во близина да обрнат внимание на возачот за кој системот смета дека вози небезбедно.

Во екстремни случаи, системот може да ја преземе контролата над возилото одреден временски период, што покренува сериозни прашања за приватноста и контролата на возењето.

Патентот предвидува и помалку радикални мерки, како што се визуелни и звучни предупредувања кои го потсетуваат возачот да вози повнимателно. Друг интересен аспект на овој систем е тоа што може да го „научи“ специфичниот стил на возење на секој поединец и да го користи како основа за препознавање необично однесување. На пример, ако системот забележи дека возилото често скршнува или „лута“ по лента, без стандардни предупредувања за напуштање лента, може да го предупреди возачот за потенцијална опасност.

Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг

Манчестер јунајтед нема пораз по заминувањето на Ерик тен Хаг од тренерската позиција. Под водство на Руд ван Нистелрој тимот од „Олд Трафорд“ има три победи и едно реми со вкупна гол-разлика  11:3. 

Денес Јунајтед го победи Лестер со 3:0 во 11. коло од англиската фудбалска Премиер лигата. Во трите претходни натпревари по отказот на Ерик тен Хаг, Манчестер Јунајтед го совлада Лестер (5:2) во Лига Купот, го победи ПАОК (2:0) во Лига Европа и ремизираше со Челзи (1:1) во Премиер лигата.

Ван Нистелрој на следниот натпревар ќе биде заменет со Аморим

Рубен Аморим ќе го преземе Манчестер Јунајтед од утре. Првиот натпревар Манчестер јунајтед под водство на новиот тренер ќе го одигра на 24 ноември на гости кај Ипсвич.

притисни ентер