Мицкоски: Идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија

Убеден сум дека на 8 мај сите заедно ќе направиме уште еден чекор кон историјата и ќе донесеме толку убедлива победа што во македонскиот Парламент коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник.

Убеден сум дека на 8 мај сите заедно ќе направиме уште еден чекор кон историјата и ќе донесеме толку убедлива победа што во македонскиот Парламент коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, а иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Брвеница.

Мицкоски истакна дека народот треба да се слуша и затоа ДУИ оди во опозиција и со тоа завршува една неславна ера на една политичка партија на политичката сцена во Македонија, неславна пред се за Албанците, но и за сите граѓани во Македонија.

- Повеќе од 22 години се утепаа од крадење, голтари влегоа во политика, а сега живеат како блискоисточни шеици во своите хациенди. Не може така и за тоа мора да има одговорност, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека семејствата на на блиски до челниците на ДУИ купуваат милионски имоти и и имаат милионски возни паркови, а народот нема леб да купи.

- Народот очекува резултати веднаш, свесен сум и тоа ќе го испорачаме, имаме план, програма, знаеме како и ќе испорачаме, веднаш почнуваме со агенда како да ги испорачаме резултатите, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека има политички партии кои на овие избори излегоа со свој кандидат кој се претставуваше како опозициски и бараше антивладини гласови и добија определен број гласови и сега активистите на тие партии се обраќаат кон граѓаните, зошто да гласате за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте за нас, ние сме во коалиција со нив.

Тоа не е точно, тоа е манипулација и тоа е лага. Едно е само вистинито, идната влада ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, а иден претседател Гордана Силјановска Давкова. Тоа го прават затоа што се свесни дека немаат теортска шанса да се доближат до посериозен резултат и се обидуваат да добијат повеќе гласови за при формирање на идна влада да бараат лични работи. Затоа повикувам на обединување, околу бројот 2, изјави Мицкоски.

Мицкоски се обрати и до граѓаните кои останаа дома мислејќи дека така ги казнуваат политичарите мислејќи дека сите се исти.

Не сме сите исти, тоа го покажавме и докажавме, се разликуваме. Погледнете ги градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од ништо прават нешто. Имајќи предвид дека оваа влада на СДС и ДУИ сопре многу проекти, градоначалниците најдоа начин тоа што е ветено да е испорачано. Додека тие влегоа во политиката да го ограбуваат народот и државата, ние влегуваме да оставиме историска трага и генерациите ќе бидат горди, изјави Мицкоски,с е наведува во партиското соопштение.

Во американскиот конгрес поднесена предлог-резолуција за признавање на Накба

Американската конгресменка со палестинско потекло Рашида Тлаиб претстави предлог-резолуција за признавање на палестинската Накба.

Американската конгресменка со палестинско потекло Рашида Тлаиб претстави предлог-резолуција за признавање на палестинската Накба, термин кој се однесува на масовното протерување на Палестинците од нивната татковина за време на создавањето на Израел во 1948 година.

Оваа резолуција, која ја одбележува 76-годишнината од Накба и промовира свесност и разбирање за овој историски настан, исто така го повикува Конгресот да ја врати поддршката за Палестинската агенција на ОН за бегалци (УНРВА).

САД го суспендираа финансирањето на УНРВА по израелските наводи дека некои од персоналот на Агенцијата биле поврзани со нападот на Хамас на 7 октомври, за што Тел Авив не обезбеди докази.

Санкционирани 67 возачи на мотоцикли

На територија на државаtа во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12 до 19 часот, изречени се вкупно 67 санкции за возачи на мотоцикли.

Од нив, како што соопшти денеска МВР, 41 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 147 други видови на сообраќајни прекршоци.

Акција на крајбрежната служба на Грција за спасување мигранти во близина на Крит

Операцијата е во тек за пронаоѓање на евентуално исчезнати лица.

Вкупно 42 лица се спасени во акцијата на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел на 27 наутички милји југозападно од островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Операцијата е во тек за пронаоѓање на евентуално исчезнати лица.

Според крајбрежната служба, 40 лица биле спасени од бродови што се наоѓале во близина, а останатите двајца со помош на хеликоптер на воената морнарица биле извлечени од морето и пренесени на Крит.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека мигрантите побарале помош од италијанскиот центар за пребарување и спасување, по што италијанските ги информирале грчките власти.

притисни ентер