Мисајловски: За брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор

а брзо започнува изградба на нова детска градинка во Стопански Двор, проект вреден 60 милиони денари.

Денеска сме тука во Ѓорче Петров во Стопански Двор каде што позади мене ова место набрзо ќе започне изградба на градинка и навистина ми е драго и со огромна чест и задоволство можам да најавам јас заедно со Бојан дека за кратко започнува новата градинка во Ѓорче Петров. Онаа градинка каде што јас и Бојан како пратеници во Собранието поднесовме амандмани и ни беа прифатени од владата и Александар Стојкоски како градоначалник ги започна сите постапки и веќе наскоро ќе потпише договор за да се гради таа градинка во Ѓорче Петров.

Ние како нова влада ветуваме дека сите дечиња ќе ги запишеме во градинките, дека сите дечиња ќе добијат учебник. И затоа ова ветување ни е многу важно за да се започнат сите градинки со изградба. И навистина во Ѓорче Петров имаше голем проблем изминативе години со запишување на дечиња, со нови градинки и така натаму.

Но со одличната работа на Александар и неговиот тим може да видиме дека листата е намалена, со отворање на нови градинки, со нови реконструкции, со нови можности и адаптација дека многу дечиња се згрижија. Но со оваа градинка тука во Стопански Двор навистина е полн погодок и уште еднаш ми е драго што јас и Бојан навистина поднесувавме стотици и стотици амандмани, но овој беше прифатен и околу 60 милиони денари токму тука во Стопански Двор за брзо ќе започне нова градинка во Ѓорче Петров.

Аирлија нека се сите овие проекти. Може да видиме дека во Ѓорче Петров насекаде е раздвижено, се градат нови улици и тука во Стопански Двор, се градат нови улици во Кисела Јабука, се гради во урбаниот дел, се градат нови спортски терени. Вака се сака Ѓорче Петров, вака се сака Македонија. Но за да има уште повеќе проекти и за победува Македонија сите масовно на 8 ми мај да ставиме печат, да ставиме печат на победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија и после тоа владата да ги засука ракавите и уште повеќе проекти да има за сите луѓе во Македонија.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

притисни ентер