Портпаролот на МВР Тони Ангеловски информира дека како и за првиот круг и претходните изборни циклси избори така и за овие формиран е посебен оперативен штаб кој е насочен кон реализацијата на изборниот процес.
Во меѓувреме, Јавното обвинитлство постапува по однос на пријавата на полицијата откако поради сомнеж за изборен поткуп вчера беа уапсени две лица од селото Мелница, општина Чашка. При претресот во нивните домови полицијата пронашла оружје. Кај , 52 годишниот И.И. биле пронајдени и одземени еден пиштол со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. Кај вториот осомничен, 50 годишниот А.Ч. биле пронајдени и одземени три пиштоли со една рамка и 139 куршуми.
Овој случај ќе биде дел од сумарниот извештај со податоците меѓу двата изборни циклуси, кој утре ќе го презентира привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето, велат од Јавното обвинителство. Од таму информираат дека граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на електронската адреса [email protected], а граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право и кај Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321, како и лично во канцелариите на Обудсманот.