Имено, Новак Ѓоковиќ имаше брејк зад себе во третиот сет, се чинеше како сѐ да е готово, но потоа се врати во живот, го врати брејкот и повторно сѐ беше на негова страна. При резултат 4:3 за Руд, додека Новак сервираше, еден навивач успеа да го изнервира.
Ѓоковиќ лесно го освои првиот поен на свој сервис, а потоа по долга размена загуби еден, но еден навивач му пречеше.
Новак Ѓоковиќ потоа се изнервира и го пцуеше.
- Можеш ли ти да замолчиш?! Да ти е**м мајка, да ти е**м... опцу Новак Ѓоковиќ, што можеше да се слушне и во преносот.