Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

- Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Дуџак, Росана постојан координатор на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации.

На средбата, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, координаторката на ОН, Дуџак, ја истакна одличната институционална соработка, на сите нивоа и области, во реализацијата на активностите и проектите поддржани од меѓународната организација, соопшѕо кабинетот на Сиљановска Давкова.

Претседателката изрази задоволство од исклучителниот придонес на Обединетите Нации во нашата европска интеграција и континуираната поддршка за земјата и за граѓаните. Taa ги истакна приоритетите на својот мандат кои во голем дел се совпаѓаат со активностите на агенциите на Обединетите Нации кои се спроведуваат или се планираат во земјава.

Двете соговорнички разговараа за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети, меѓународните човекови права, обврските за родова еднаквост и Агендата 2030.

Поднесени две обвиненија за назначување директори на училишта во струшко

Во првиот предмет обвинети се четири лица. Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга.

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга.

Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.04.2022 до 06.09.2023 година.

Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година.

Османи: Косово заслужува да биде дел од Советот на Европа

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, својот три минутен говор пред комитетот на министри на Советот во Стазбур, меѓу другото го искористи за лобира за прием на Косово во организацијата.

Османи рече дека косовските граѓани тоа го заслужувале додавајќи дека истовремено на тој начин ќе се поттикнат реформите во оваа земја…

притисни ентер